Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Мицкоски: Намален е јавниот и државниот долг на најниско ниво во последниве пет години

Јавниот долг е намален за 4,7 процентни поени во првиот квартал годинава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавниот долг е намален за 4,7 процентни поени во првиот квартал годинава споредено со крајот на минатата година. За само три месеци, јавниот долг забележал пад од 62,4% на 57,7% од БДП, што претставува намалување за 36 милиони евра во апсолутен износ. Вкупниот јавен долг во моментов изнесува 9,58 милијарди евра. Државниот долг пак изнесува 8,3 милијарди евра. Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од бројките. Вели дека оваа Владата преку своите политики успеала да постигне најнизок долг во последниве 5 години. Плановите се фискалната консолидација да продолжи, а со тоа и јавниот долг да се сведе на ниво од 50 до 55% од БДП до крајот на мандатото на владата.

„Имаме ниво на јавен и на државен долг во однос на домашниот бруто-производ кој што е најнизок во последните пет години, односно јавниот долг е 57,7 проценти од БДП, а државниот е 50,1 отсто. А, зошто да не и под 50 проценти од БДП за јавниот долг и под 40 проценти од БДП за државниот долг“ – рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека јавниот долг не може и натаму да паѓа без пораст на економските активности. Освен што во наредниот период ќе се објават убави економски вести за земјава како што најави и неколкупати претходно, тој очекува и пораст на брутодомашниот производ.

Реклама

„Сега сме некаде на ниво од 17 милијарди долари за 2025 година. До крајот на овој мандат очекувам Владата да ги исполни овие три стратешки цели во делот на макроекономските показатели и сигурен сум дека тоа ќе се случи. Во месеците што следат очекувајте убави вести за македонската економија и за македонските граѓани“, рече премиерот Мицкоски.

За министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска ваквите податоци се директна потврда за политиките што ги спроведува Владата и траекторијата по која се движи. Падот на јавниот долг, според неа е резултат на мерките што се преземаат за фискална консолидација, мерките за намалување на непродуктивните трошења, како и напорите за подигнување на економската активност.