Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Мицкоски: На неколку фронтови во здравството се работи и се вложува, ќе има сериозни структурни, но и квалитативни реформи

На неколку фронтови во здравството се работи и се вложува, а треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На неколку фронтови во здравството се работи и се вложува, а треба да се вложува уште многу пати повеќе од ова кое сега се прави, бидејќи за жал многу малку е направено со минатото, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека заедно со министерот, во периодот што следи ќе имаат подолг ресорен состанок на кој ќе ги определат чекорите за понатаму.

– Ќе има сериозни реформи, и структурни, но и квалитативни, и убеден сум дека за неколку години од денеска ќе имаме комплетно нова претстава во здравството. Бидејќи често пати зборувам, ќе го повторам тоа и денеска, дека како Влада одвојуваме за здравството повеќе од една милијарда евра. Нешто што досега никогаш не било ни приближно толку направено. Да речеме само во годината за време на ковидот таа бројка била некаде околу 500-550 милиони евра. Значи сега сме, би рекол, два пати повеќе. Убеден дека многу скоро од денеска, секој еден граѓанин ќе може да почувствува дека јавното здравство нуди услуги кои се конкурентни и квалитетни, додаде Мицкоски по промовирањето на новата опрема на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.