Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Прилози

Мицкоски на 50 годишнината на ЕПП: Силна енергија, визија и заедништво во европското семејство од кое нераскинлив дел е и ВМРО-ДПМНЕ

Силна енергија, визија и заедништво, кои ја потврдуваат улогата на Европската народна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силна енергија, визија и заедништво, кои ја потврдуваат улогата на Европската народна партија, чиј нераскинлив дел е и ВМРО-ДПМНЕ, како двигател на европските вредности, демократијата и стабилноста. На 50 годишнатата од формирањето на најголемото европско политичко семејство, премиерот и претседател на владејачката партија Христијан Мицкоски, на заедничка маса со бројни европски лидери дискутираше за клучните прашања за идинината на целиот континент и за посилна Европа за сите, но и за побрзи евроинтеграции на Македонија, врз основа на исполнувањата.

-Размената на идеи, искуства и визии беше од особено значење, а атмосферата беше исполнета со енергија, соработка и заедничка посветеност кон европските вредности. Овој самит претставуваше одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси. Убеден сум дека ваквите средби придонесуваат за подобра иднина и посилна Европа за сите нас, порача Мицкоски.

Покрај централната прослава за 50 годишнината на Европската народна партија, Мицкоски присуствуваше и на Самитот на лидерите на партиите од европската десница. Премиерот порача дека наш посебен интерес преставуваат разговорите околу проширувањето на Европската Унија, но и се она што е постигнато во делот на реформите.

Реклама

-Ќе разговараме за економската перспектива на европскиот континент. Се разбира ќе разговараме за глобалните предизвици, војната во Украина, војната во заливот во Иран, но исто така ќе зборуваме и за зголемвуање на компетитивноста. Она што претставува наша цел и она кое претставува наш посебен интерес е разговорот околу проширувањето на самата Европска Унија, но и сите оние постигнувања и реформи кои што изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги постигнавме, изјави Мицкоски.

Во рамки на посетата на Брисел, Мицкоски оствари и билатерална средба со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ. Од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека посетата која завршува утре, ќе биде искористена и за дополнителни средби со претседатели, премиери и политички лидери од европската десница.

Матеја Петровски