Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Мицкоски: Можеби сме малубројни, но сме исклучително значајни

Македонија е кредибилен сојузник во НАТО и како држава покажавме дека кога…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е кредибилен сојузник во НАТО и како држава покажавме дека кога е потребно, тука сме да застанеме рамо до рамо со сојузниците – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

По отворањето на новата трафостаница „ТС Централна“ во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање, денеска кога се одбележува шест години од членството во НАТО, за тоа дали Македонија е кредибилен сојузник и покрај големата цена што ја плати, Мицкоски забележа дека од државата сè уште се бара да плаќа цена кога треба да се интегрираме во меѓународни организации.

– Па, да, Македонија е кредибилен сојузник и тоа го има покажано и докажано многупати во минатото и доправа ќе го покажуваме и докажуваме. Мислам дека како земја покажавме и докажавме дека тогаш кога е потребно, ние сме тука да застанеме рамо до рамо со нашите сојузници во рамките на НАТО и ценам дека сме побезбедни, постабилни. Точно е, да, вие самите кажавте дека, за жал, плативме голема цена како ниедна држава, како ниедна нација и, за жал, сè уште се бара од нас да се плаќа цена кога треба да се интегрираме во меѓународни организации – рече Мицкоски.

Реклама

Според него, факт е дека сме можеби малобројни, но сме ислучително значајни, особено за овој дел од Европа, па и од светот.