Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Мицкоски: Mарија Габриел им ја плесна вистината, власта лаже дека уставните измени се последна пречка

Она што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше, в очи на владата и го плесна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Она што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше, в очи на владата и го плесна бугарската вицепремиерка Марија Габриел која рече – Бугари во Уставот не се единствениот услов за тргање на ветото.

Секојдневните повторувања ако ги ставиме Бугарите во Уставот дека магично на Македонија ќе и се отворат вратите од Унијата, судејќи по изјавите на бугарските челници се само правни зборови на СДСМ и ДУИ. Иако Владата секој момент го користи да каже дека не сме во ЕУ зошто не сме ги реализирале уставните промени, кои Владата ги вети без да се договори со народот и јавноста, сепак се покажуваат како празни флоскули, за кои предупредуваше и ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на партијата денеска посочи дека власта лаже, дека уствните измени се последната пречка.

Реклама

Марија Габриел им ја плесна вистината во очи, тоа е вистината за која што јас и ВМРО-ДПМНЕ ја зборуваме година и половина. На јавна сцена се виде дека Маричиќ, Зечевиќ, Ковачевски, Ахмети, Османи, Груби го лажат народот во Македонија дека ова е последната пречка. Не е последната, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ова е само почеток на проблемите кои следат затоа што, како што рече, без општествена поддршка и без консултации со опозицијата потпишале договор со цел да го завршат својот проект две години власт.

– Едниот да биде премиер, другиот генерален секретар, а другите да станат милионери на грбот на македонските граѓани, тоа беше проектот. Сега имаме сите ние проблем кој за жал повторно ќе треба ВМРО-ДПМНЕ да го решава, посочи Мицкоски.

Токму за изјавата на бугарската вицепремиерка, премиерот Ковачевски рече дека Габриел не рекла дека има нови услови и дека нашата преговарачка рамка е јасна.

Taa не кажа дека има нови услови, ние имаме многу јасна преговарачка рамка, која има обврски за ЕУ, но и за Северна Македонија. Ние во Брисел на последниот самит на Западен Балкан со ЕУ и на последниот Европски Совет имавме најјасен заклучок до сега, од добивањето на кандидатскиот статус, каде уште еднаш ќе повторам во параграфот стоеше Македонија успешно го заврши сктининг процесот, рече Ковачевски.

Останува, нагласи тој, државата да ја исполни својата обврска за спроведување на амандманите на Уставот и веднаш без одлагање да биде закажана втората меѓувладина конференција.

Инаку бугарската вицепремиерка Габриел вчера изјави дека Бугарија нема билатерален проблем со Македонија во однос на интергацијата во ЕУ и оти услов за продолжување на европскиот пат на Скопје не се само уставните измени туку и почитување на Договорот за пријателство и добрососедство и двата протокола.