Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Прилози

Мицкоски: „Малтретирањето на земјите со вето ги уништува вредностите на ЕУ“

Македонија е одлучна да ги спрведе реформите и да создаде услови за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е одлучна да ги спрведе реформите и да создаде услови за младите да се вратат дома. И покрај предизвиците на евроинтегративниот пат, местото на земјата е во Европската Унија нагласипримиерот Христијан Мицкоски на Самитот за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата „Еуроњуз“.

Мицкоски е оптимист дека Унијата сепак ќе го види и признае трудот што Македонија го вложува за да биде дел од европското семејство. Посочи дека за нашата земја, наместо Копенхашки критериуми, како услов за преговори се испорачуваат вештачки услови од Бугарија.

  • „Но, ајде да си ја завршиме домашната задача и да ја да направиме на добри основи. Да си ги вратиме младите дома и да создадеме нешто што ќе биде добро за нив. И да ја испорачаме домашната задача којашто би оставила впечаток кај ЕУ. И можеби некој од ЕУ ќе каже, доста е веќе. Ајде да направиме нешто за нив. Во спротивно, ова им наштетува на нашите вредности и во суштина нема некаква иднина. И затоа верувам дека ние мора да ја завршиме домашната задача и да испорачаме, кога сме веќе избрани да владееме“, изјави премиерот Мицкоски.

Според премиерот вистинското прашање е дали „Бугари во македонскиот Устав“ ќе биде последното барење за откочување на еворинтеграциите. Според него бугарското малцинство кое во многу побал број во Македонија, ги има сите права, ама Македонците во Бугарија, иако побројни, не им е дозволено да регистрираат ниту невладино здружение.

Реклама
  • „Според податоците од последниот попис, зборуваме за неколку од 100 луѓе. Не зборуваме за милиони. Не зборуваме за стотици 1000 луѓе. Зборуваме буквално за неколку од 100 луѓе, кои за време на последниот попис се изјасниле дека нивниот мајчин јазик е бугарскиот јазик…. Што е со нивните човекови права? Бидејќи не им е дозволено да регистрираат невладини организации. Не зборуваме за промена на бугарскиот устав. Не зборуваме за некаков вид реципроцитет. Зборуваме за регистрирање на невладини организации… “ рече Мицкоски.

Покрај Мицкоски, на Самитот учествуваше еврокомесарката за проширување Марта Кос и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, како и шефовите на Молдавија, Србија, Украина и Црна Гора.. Албанскиот премиер Еди Рама не присуствуваше на Самитот во Брисел.