Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Мицкоски: Македонија е подготвена да одговори на предизвиците во делот на енергетиката претстојнава зима.

Македонија е подготвена да одговори на предизвиците во делот на енергетиката претстојнава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е подготвена да одговори на предизвиците во делот на енергетиката претстојнава зима.  Премиерот Мицкоски вели дека очекува раст на цената на струјата на европските берзи и енергетска криза во Европа поради случувањата во Украина, каде комплетно е уништен електро-енергетскиот систем, но нема да се дозволи нова криза во Македонија.  Владата затекнала  катастрофална состојба во системот,  хидроелектраните биле скоро  празни на ниво  околу 24-25 проценти, не биле направени ниту редовните ремонти, па во моментов се прави реорганизација на работењето.

– Имам чувство дека оваа зима ќе биде прилично предизвикувачка не поради температурите, туку поради состојбата што се случува во Украина каде комплетно е уништен електроенергетскиот систем и Украина влече енергија од Европа што значи дека тоа ќе ја зголеми цената на електричната енергија на берзите во Европа и ќе ја намали количината, така што ние мораме да бидеме подготвени – нагласи Мицкоски.

Новото раководство ги наследило државните електрани со долг од пет милијарди денари .  Само за увоз на јаглен долгот бил над милијарда денари, но Владата успеала да испреговара со компаниите да ја намали оваа сума. Мицкоски уверува дека на овој принцип ќе се трудат да ги намалат долговите кои го „цицаат“ државниот буџет бидејќи Владата во минатото префрлаше пари за да го сервисира работењето на ЕСМ. Според премиерот, функционирањето на електрани сега е нормализирано, а  ќе има одговорност за финансиската штета која е нанесена

Реклама

– Бидете сигурни дека е нормализирано работењето на компанијата и ќе има одговорност за тоа што се случувало, но од тоа нема да правиме естрада и театар. Многу скоро од денеска ќе бидат посочени лицата кои се виновни за состојбата во која е оставена компанијата/ Долгот за увоз на јаглен е околу милијарда ипол и дека по направените преговори со компаниите добиено е намалување на факурите отприлика од пет милиони евра, додека по основ на ископ на јаловина и јаглен затекнати се долгови од две милијарди денари, вели Мицкоски./

ЕСМ во минатото неретко беше пример за испумпување пари од државната каса преку разни тендери. За РЕК Битола се склучуваа договори за ископ на јаглен и јаловина во милионски суми, а од друга страна електро- енергетскиот систем дишеше на „шкрги“, а Македонија беше приморана да увезува скапа струја.