Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

🎥 Мицкоски: Локалните ќе бидат избор меѓу стариот систем што ја уназади државата и нова перспектива за напредок

Со отворање на стари националистички теми, наместо со проекти, ДУИ се надева…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со отворање на стари националистички теми, наместо со проекти, ДУИ се надева дека ќе имаат некаков успех на локалните избори, па така ќе успеат да испровоцираат предвремени парламентари – но тоа нема да им успее, граѓаните немаат толку кратко паметење. Премиерот Христијан Мицкоски е дециден дека претстојните локални избори ќе бидат избор помеѓу стариот систем што ја уназадил државата и нова перспектива за заеднички напредок. Се надева на позитивна кампања која ќе се однесува на проекти, но нема да биде изненаден ако ДУИ продолжи со реториката со која земјава ја враќа 2 или 3 децении назад

Кампањата очекувам да биде кампања која ќе се однесува на проекти, но очигледно дека има политичка партија, пред се мислам на ДУИ, која што наместо да зборува за проекти и иднина, не враќа 25-30 години назад и наметнува такви теми. И заедно со одредени структури во опозицијата, се обидува да наметне атмосфера во општеството, кога ќе излегуваат на избори да внимаваат за кого гласаат, бидејќи наметнувајќи теми од пред 25-30 години, сакаат да стават знак равенство помеѓу ДУИ и ВРЕДИ. Ставајќи знак на равенство, велат „и овие крадат, овие се помалку националисти“, мислејќи дека така ќе заборавиме на сета онаа пљачка која се случуваше изминатите децении. Затоа што мислат дека, ако граѓаните излезат и не гласаат за ВРЕДИ, тогаш тие ќе бидат апсолутни победници и ќе бараат предвремени избори, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Според него, кандидатите кои ги нуди ДУИ се оние кои ги натерале Албанците да се иселат од Македонија, додека пак, оние кои ги нуди владејачката коалиција се кадри кои сакаат сите заеднички да ја градат иднината.

Реклама

Во меѓувреме, го повика својот партнер во владата Вреди да не потпаѓа на националистичката реторика на ДУИ и остро реагираше на изјавата на вицепремиерот Изет Меџити, кој порача дека војната на УЧК била праведна.

Не може да биде разумна и праведна војна, а од заседа да се убиваат припадници на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана. Тоа се теми кои се дел од минатото, затворени со Рамковниот договор, а со последните законски измени тој е затворен. Нашиот фокус како Влада е иднината, тоа сакаме да го видиме. Апелирам до сите разумни политичари да не играат на картата на ДУИ и на оние кои сакаат да не вратат 25 години назад. Да гледаме напред, да носиме инвестиции, да направиме поубаво место за сите граѓани. Тоа е суштината и ова е оската околу која ние треба да се обединиме, изјави премиерот Мицкоски при посетата на Општина Петровец, одговарајќи на новинарско прашање.

Прашан за очекувањата од изборите, и дали доколку исходот не биде посакуван, ќе има промени во владината коалиција, Мицкоски рече дека оваа влада, има освоено повеќе од 600 илјади гласови, и  уверен дека неговата партија ќе биде апсолутен победник на изборите.