Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Мицкоски – Коен: Македонија има потенцијал да биде сигурна и атрактивна инвестициска дестинација во регионот

Премиерот Христијан Мицкоси денеска при посетата на Минхен остварил средба со Џаред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоси денеска при посетата на Минхен остварил средба со Џаред Коен, претседател за глобални прашања и ко-раководител на Глобалниот институт Голдман Сакс со кого, како што објави,  разговарале за глобалните економски текови, геополитичките предизвици и позиционирањето на Македонија во новата економска реалност.

– Ја истакнав нашата јасна определба за реформи, фискална стабилност и создавање конкурентна и предвидлива бизнис-клима, Македонија има потенцијал да биде сигурна и атрактивна инвестициона дестинација во регионот. Нашата цел е да изградиме партнерства со највлијателните глобални финансиски институции и да отвориме нови можности за развој, инвестиции и работни места, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук.

Мицкоски кој е во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија по повод учеството на 62. Минхенска безбедносна конференција, порача дека продолжуваат со активна економска дипломатија и јасна визија – силна економија, стабилна држава и иднина што ја градиме дома. 

Реклама

Премиерот Мицкоски во тек на престојот во Минхен, каде е придружуван од министрите за одбрана, Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и за внатрешни работи, Панче Тошковски, имаше средби и со холандскиот премиер, Дик Схоф, извршниот директор на Американскиот еврејски комитет Тед Дојч, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, како и со менаџментот на германскиот гигант „Шварц груп“ и раководството на унгарски 4IG.