Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Мицкоски ќе учествува на Конгресот на ЕПП во Валенсија и ќе оствари средби со европски лидери

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на 29 и 30 април ќе учествува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на 29 и 30 април ќе учествува на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП) што ќе се одржи во Валенсија, Шпанија. Тој ќе предводи партиска делегација составена од потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, претставници на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од претседателката Жаклина Пешевска, како и претставници на Унијата на млади сили.

Како што информираат од партијата, Мицкоски ќе има обраќање на првата пленарна сесија на Конгресот, а ќе оствари и повеќе билатерални средби со европски лидери. Меѓу најавените средби се тие со австрискиот премиер и лидер на сестринската партија ОВП, Карл Нехамер, претседателот на Српската напредна странка и поранешен премиер на Србија, Милош Вучевиќ, како и со поранешниот премиер и претседател на Албанија и актуелен претседател на Демократската партија на Албанија, Сали Бериша.

Мицкоски ќе присуствува и на свечената вечера организирана за лидерите на ЕПП.