Власта ќе се бори од петни жили да го зачува македонскиот идентитет и јазик, а не како претходниците кои прифаќаа секакви уцени и ултиматуми, потпишуваа штетни договори и измеќареа за туѓи интереси – на обвинувањата од СДСМ дека наводно се откажал од македонскиот идентитет и јазик, премиерот Мицкоски остро реагира – нема логика тие кои го распродаваа идентитетот сега да зборуваат дека биле загрозени националните интереси.
Можеби тоа е само во нивната орбита, на измеќари и туѓи интереси и предавници, и тоа се покажа и докажа во минатото. Владата на СДСМ и ДУИ единственото што правеше, покрај крадењето, предавствата национални и потпишување на сите документи кои им беа ставани на маса, станува за национално исплакнати луѓе. Ништо не направија освен што украдоа и задираа во идентитетот.
Обвинувањата од опозициската СДСМ доаѓаат во моменти на дипломатска офанзива на власта која се бори да најде решение за македонските евроитнеграции а истовремеено да го зачува идентитетот во време кога нашата посебност ја негира нашиот источен сосед.
Она што се бориме е да го спасиме она што тие го распродаваа. Жестоко се бориме за нашиот идентитет, за тоа што сме, а не тоа што сакаат да бидеме — некои „модерни Македонци“ кои говорат „модерен македонски јазик“. Нема ништо посвето од тоа да се бориш за интересите на Македонија и да го спасиш она што тие квислинзи го продадоа, кои се збогатија на грбот на граѓаните. Ние ќе продолжиме со политиката на одбрана на македонскиот идентитет и интересите на граѓаните.
И додека на дипломатски план, власта се бори да ги истакне своите позиции и црвени линии за заштита на македонскиот идентитет и јазик, Македонија се соочува со блокадата од Бугарија – уставните измени, обврска на која се согласи претходната Влада, прифаќајќи го францускиот предлог прифатен уште во 2022 година. Уште поголем апсурд е што сега СДСМ обвинува дека позициите на Македонија се нарушени, иако отстапките во минатото ја доведоа Македонија во потчинета состојба.

