Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Економија

Мицкоски: Ќе направиме сѐ да нема покачување на функционерските плати и да го заштитиме стандардот на граѓаните

Нема да има покачување на функционерските плати – премиерот дециден – ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема да има покачување на функционерските плати – премиерот дециден – ќе направиме се да го спречиме тоа зашто согласно актуелниот закон, во 2025 би пораснале за над 300 евра согласно растот на просечната плата. Најверојатно ќе се бара правен механизам за да се намалат коефициентите на платите

 Најверојатно е дека ќе биде со намалување на коефициенти, не знам точно како, но сигурно е како што е сигурно дека сите ќе заминеме од овој свет дека нема да има зголемување на платите на функционерите , изјави Мицкоски.

Владата крои план и како да ги заштити граѓаните од ценовен шок. На крај на неделава истекува мерката „есенска кошница“ со која се ограничи бруто профитната маржа на 73 производи до 10 отсто. Премиерот вели дека во координација со коморите , трговците и производителите ќе се спречува енормен раст на цените, а доколку дојде до тоа најавува жесток одговор.  Владата претходно  најави дека во наредниот период ќе се применува како божиќна, рамазанска велигденска кошница со ограничено време на траење пред и за време на празниците кога вообичаено се зголемуваат цените на основните прехранбени производи.

Реклама

Очекувам заедно со коморите и со трговците и со производителите да не дојде до дивеење. Ако дојде до тоа жестоко ќе реагираме и ќе го браниме стандардот на граѓаните со се што имаме како алатка на располагање – изјави Мицкоски.

Инаку премиерот во рамки на конференцијата „Блумберг Адрија “ ги презентираше стреатешките цели на Македонија.  Економијата ќе се развива преку инвестиции и капитални проекти за што се заврзува реализацијата на големите инфраструктурни проекти.  Мицкоски вели дека тоа што низ Македонија поминуваат коридорите 8 и 10 е огромен плус за нас и неговата цел е државата да стане домаќин на три раскрсници, транспортна, железничка и енергетска, за да бидеме поблиску до големите пазар.