Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Мицкоски: Исплатени заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство на скоро 3000 вработени

Близу 3000 вработени во „Национални Шуми“ и АД „Водостопанство“ немале добиено плати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Близу 3000 вработени во „Национални Шуми“ и АД „Водостопанство“ немале добиено плати за 4 месеци. Со ребалансот на буџетот биле обезбедени средства за овие луѓе да добијат надоместок за сработеното. Тие треба да добијат вкупно 350 милиони денари.

Премиерот Мицкоски рече дека во ЈП Национални шуми веќе почнала исплатата, во АД Водостопанство веќе од понеделник.

„Промената е програмата, веќе во Национални шуми легнаа средства на сметките на вработените, а најдоцна до понеделник ќе бидат и во АД Водостопанство. Така ќе продолжиме и во иднина, тука не треба да се потцени фактот дека со ребалансот обезбедивме плус милијарда денари заостанати долгови за земјоделците, кои што претходната влада им ги должи. Исто таква една милијарда ќе предвидиме за следната година, така што полека покрај редовната исплата на субвенциите за земјоделците, ќе имаме и средства со кои ќе ги вратиме оние долгови кои што ги има направено владата ан СДСМ и ДУИ.“, дециден е Мицкоски.

Реклама

Мицкоски истакна дека Владата води грижа за секој граѓанин, посочувајќи дека времето на елитите заврши, односно како што рече тој е политичар од народот и му е важен секој еден граѓанин.

„Она кое што го добивам како информација од терен им се помага на производителите на слива, цените кои се за лозарите се рекордни за 25 проценти повисоки. Така што се грижиме за секој еден човек. секој еден граѓанин ни е важен бидејќи ние сме политичари кои се од народот и така ќе продолжиме да се однесуваме. Времето на политички елити заврши.“