Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Мицкоски: Имаме безидејна опозиција, СДСМ се сведе да биде застапник на одредени бугарски интереси и да е нивна продолжена рака

Имаме опозиција која боледува од вирусот на безидејноста, која не извлече ниту…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имаме опозиција која боледува од вирусот на безидејноста, која не извлече ниту една лекција зошто се таму каде што се и толку се слаби што во овој момент некогаш големата СДСМ се сведе да биде застапник на одредени бугарски интереси и да е, за жал, нивната продолжена рака, рече премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на трибината во Кичево „Образование и социјална политика, ги градиме темелите на промените“.

– И втората работа, која што исто така е карактеристична за СДСМ, е да се борат на овие избори, не со тоа тие каков концепт ќе понудат, туку да работат по секоја цена ДУИ да има добар резултат и да ја спасуваат политичката кариера на политичарите од ДУИ, меѓу нив и Али Ахмети. Од некогаш големата СДСМ, станаа само на овие локални избори, овие две работи, рече Мицкоски.

Тој притоа укажа на залагањата на СДСМ во однос на уставните измени.

Реклама

– И за овие две работи кои ги тврдам, има и конкретни чекори кои ги преземаат. Видете кој најгласно во Македонија зборува за уставните измени, чии полуги слугуваат на оние пропагандни и пред се лажни текстови каде се бројат измислени пасоши за македонски политичари. Без задршка, без ограда, излегува претседателот на СДСМ и зборува дека безусловно ќе го променел Уставот и ќе ги вметнел Бугарите во Уставот. Сега ми е јасно зошто ја отфрлија секоја подадена рака од моја страна за државно единство за националните прашања. Затоа што во СДСМ политичарите се на копче. И тоа го прават притиснати од својата безидејност и концесии од минатото. И затоа толку на ниско ја водат политиката, вели Мицкоски.

Тој посочи дека опозицијата вниманието кон себе не го привлекува со работа или труд, туку со поделби, со омраза и со слугување.

– Нема несреќа која не ја злоупотребија и судбина која не ја искористија. Нема пожар за кој не направија прес-конференција, а сите знаеме дека најголемиот дел од нив се подметнати. Тие се водат од тоа колку полошо за народот, толку подобро за СДСМ.  Значи, вниманието кон себе не го вртат со работа или труд, туку со поделби, со омраза и со слугување. И затоа, тие кога знаат дека не се конкурентни со работа, идеи и концепти, нивната задача е ДУИ да го помогнат на овие избори. Затоа станаа нивен изведувач во политиката, за да спасат кариери, но така спасуваат и бизниси кои си ги почнаа додека заедно беа на власт. Народот не им верува и затоа воопшто немаат доверба. Неодговорно е таквото однесување кон самите себе, но и кон Македонија, потенцира Мискоски.

Тој притоа порача дека ова е време на надеж и дека вреди да се работи и да се остане во земјава.

– Ова е време на надеж. Време на визија. Време кога конечно се враќа верата дека вреди да се остане тука. Вреди да се работи тука. Времето на Македонија која допрва доаѓа. Оваа година беше година за вас. За секој еден од вас. За секое дете, секој млад човек, секој родител и секој пензионер. Оваа година ги поставувавме темелите. Од следната, градиме кат по кат. Времето на Македонија доаѓа, порача Мицкоски во обраќањето пред Кичевчани.