Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Во АД ЕСМ има неколку случаи за кои имаме сериозно сомневање за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во АД ЕСМ има неколку случаи за кои имаме сериозно сомневање за злоупотреби. Услуги се наплаќани три до четири пати повеќе, изјави премиерот Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

„Десетици, можеби стотици милиони се изнесени, буквално украдени преку тендери каде за услуга се наплаќа три до четири пати повеќе, а на фирмите кои сакаат да се пријават на тендерот им се кажува немојте да конкурирате затоа што тоа е завршена работа. Услуги кои во времето кога јас сум бил директор на тогашното ЕЛЕМ, се плаќале по 86 денари, а денеска се по 230 денари, свесно уништување заради увоз на јаглен, свесно уништување на рударска јама, недоволно добро одржување на системот каде се ископува јаглен за да недостигаат тие колични за да може да се увезуваат по двојно или тројно повисоки цени, натплатени ремонтни активност“, рече Мицкоски и додаде дека имал состанок со новото раководство на компанијата и дека ќе излезат со докази за овие сомневања.