Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Мицкоски: Има раст во индустрискиот промет над 16%- индустриската активност во странство ја крева економијата во државата и покрај европската криза

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со трендот на прометот во индустријата и придонесот на поединечни гранки, како и проценките на среден рок, информираше дека најмногу воодушевува индустриската активност со странство. Тој истакна дека кога станува збор за прометот во индустријата, евидентен е огромен раст, кој достигнува до 20 проценти, а во периодот што следи очекува уште повисоки бројки.

„Кога станува збор за прометот во индустријата, исто така, тука морам да кажам дека имаме огромен раст којшто се брои во 16,18, 20 проценти. Но, она што најмногу воодушевува е растот во индустриската активност со странство. Односно, имаме голем извоз, тоа е суштината. И тој промет тука, го крева вкупниот промет. Тоа значи дека, во услови на криза на европскиот пазар, автомобилската индустрија, ние имаме извоз. Тоа значи дека имаме добра бизнис клима во државата, а тоа го потврдува и зголемениот број на директни странски инвестиции, коишто во периодот што следи ќе дојдат, но и оној период кој што е позади нас кои што ги отпочнаа своите вложувања во државата“, изјави Мицкоски.

Премиерот напомена дека сега е време кога државата се развива преку вложувања во проекти.

Реклама

„Така што, во периодот којшто следи, очекувам уште поголеми бројки споредено со минатото. Да се навикнеме на успеси, на убави работи. Доста беше поделби, доста беше црнила, доста беше неуспеси, доста беше коленичење, свиткани кичми, криминал и корупција. Сега е време кога државата се развива, кога вложуваме во проекти, вложуваме во нови автопати, Коридор 8, Коридор 10. Земјоделци кои што високо извезуваат, индустрија која работи, тоа е суштината. Тоа е фокусот на оваа Влада и мора да се навикнеме и на вакви успеси. И впрочем, тоа го кажуваат и граѓаните на јавните мерења.“, објасни тој.