Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Мицкоски и министрите учествуваат на македонско-унгарски владин самит во Будимпешта

Премиерот со дел од министрите во официјална посета на Унгарија. Двете држави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот со дел од министрите во официјална посета на Унгарија. Двете држави денеска и утре ја одржуваат втората меѓувладина седница во Будимпешта. Агендата предвидува тет-а-тет средба меѓу двајцата премиери, Христијан Мицкоски и Виктор Орбан. Ќе се одржат и повеќе билатерални средби на соодветните ресорни министри, по што ќе следува и меѓувладина седница. Целта е да се продлабочат и онака одличните економски и политички односи помеѓу двете земји.

Согласно агендата предвидени се тет-а-тет средба помеѓу претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан. Во рамки на владиниот самит предвидено е да се одржат и билатерални средби помеѓу ресорните министри на двете влади, по што ќе следи и заедничка владина седница помеѓу двете влади“

Според најавата, предвидено е министрите за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и Петер Сијарто на заедничка билатерална средба да потпишат Акциски план за размена на знаења во делот на активностите за кои се надлежни нивните министерства.

Реклама

Во рамки на посетата предвидено е министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешна политика и трговија Петер Сијарто да потпишат Акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика во Будимпешта.

По завршувањето на заедничката владина седница, двајцата премиери Мицкоски и Орбан ќе одржат заедничка прес-конференција на која ќе го презентираат договореното од средбите и седницата.

Инаку, ова е втора меѓувладина седница помеѓу Македонија и Унгарија. Првата се одржа во септември минатата година во Охрид. Тогаш  Орбан ја реафирмираше силната поддршка за Македонија на евроинтегративниот пат, со што се понуди дури и да биде посредник на дијалогот помеѓу Скопје и Софија, како тогашен претседавач со Советот со ЕУ, но Бугарија веднаш го одби предлогот на унгарскиот премиер. Во Охрид стана збор и за стратешките проекти како транспортниот и енергетскиот коридор север – југ кој што го поврзува Балканот со Унгарија и е од огромно значење за енергетската сигурност и економскиот раст на целиот регион.

Тогаш во фокусот на разговорите беше и унгарскиот кредит од милијарда евра. Парите веќе се користат. Половина од средствата завршуваат кај општините за изградба на инфраструктурни проекти, додека останатата половина во вид на кредити под  поволни услови се пласира кај бизнисите за раст на производството. Дополнителни 500 милиони евра се искористија за отплаќање на еврообврзницата од 2018 година, со што јавниот долг на Македонија се намали од 61,9% на 58,2% од БДП.