Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Прилози

Мицкоски: Граѓаните можат да бидат спокојни, нема да има недостаток од гас

Новиот бран санкции од Европската унија и САД кон Русија нема да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот бран санкции од Европската унија и САД кон Русија нема да предизвикаат енергетска криза во Македонија. Додека светот стравува од криза во енергетскиот сектор и зголемување на цената на нафтата и гасот, Владата на Македнија ги следи случувањата и работи на тоа, граѓаните да не го почувствуваат ударот од санкциите кон Русија. Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека Македонија нема да се соочи со криза, а како пример ги посочи и неодамнешните ремонтни активности на гасоводот , кога топланите работеа.

„Не, нема да има, подготвени сме, ние ова одамна го антиципиравме и заедно работиме со дел од портфолијата во рамки на Владата за да не се случи тоа. Знаете имаше и ремонтни активности на гасоводот што ги потпишала претходната влада во заминување па не останавме без гас, односно топланите работеа. Сите овие работи ги антиципираме, но нормално е за работи кои се тековно работење на Владата. Не треба да ја оптоваруваме јавноста со такви ситници и нема да има такво нешто – изјави Мицкоски, прашан дали по последните санкции на САД и ЕУ кон Русија треба  да стравуваме од нова енергетска криза.

Инаку, Европската Унија одлучи да го забрани увозот на руски гас во ЕУ од 1-ви јануари. Оваа одлука го вклучува и транзитот на таа енергија низ ЕУ до трети земји. Регулативата за ставање крај на зависноста од руската енергија со целосна забрана ќе стапи на сила од јануари 2028 година. Притоа, ќе продолжат да важат постоечките краткорочни договори склучени пред 17 јуни годинава кои ќе се спроведуваат до јуни догодина, а долгорочните договори до 1 јануари 2028 година. Сепак, Македонија нема да претрпи многу бидејќи нема голема потрошувачка. Дополнително изградбата на интерконекторот со Грција треба да придонесе Македонија да се снабдува со количини гас од друго потекло.

Реклама

Истовремено Русија доби санкции и од САД.  Американскиот претседател Доналд Трамп, за првпат во неговиот втор мандат, воведе санкции против Русија, насочени кон компаниите „Лукоил“ и „Росњефт“. Трамп изјави дека санкциите се насочени кон најголемите руски нафтени компании со цел Москва да биде ставена под притисок и да се согласи на разговори за мир во Украина.