Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Мицкоски го поддржува предлогот на Сиљановска- Давкова, освен пратениците и министрите да имаат само македонско државјанство

Премиерот Мицкоски го поддржува предлогот на претседателката Сиљановска Давкова, освен пратениците и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Мицкоски го поддржува предлогот на претседателката Сиљановска Давкова, освен пратениците и шефот на државата и минситрите да неможе да имаат двојно државјанство. Ако уставно-правните експерти смеетаат дека во предлог законското решение може да се имплементира и тој дел, поддршка од премиерот има.

  • „Ако правните експерти, уставно-правните експерти велат дека нема проблем, тогаш јас апсолутно го поддржувам тоа. Јас немам двојно државјанство, ниту пак имам намера да имам двојно државјанство. Моето државјанство е Македонско, и нека се прошири ако законот и Уставот го дозволуваат тоа“, рече Мицкоски.

Претходно, претседателката го поддржа предлогот на пратениците да немаат двојно државјанство но истото да важи и за другите високи функционери. Според неа, во Законот за Влада може да се имплементира ограничувањто за двојно државјанство, додека за претседателот тоа треба да се измени во Уставото бидејќи нема закон за претседател.

Oпозициската СДСМ пак обвинува дека власта не сака да го усвои предлогот со кој би се забранило двојно државјанство на носители на извршната власт.

Реклама
  • “ВМРО-ОКГ одбива да го усвои предлог законот со кој се забранува двојно државјанство за пратеници, членови на Влада и претставници на извршната власт. Зошто? Затоа што половина од нив веќе има бугарски пасоши. Министри, градоначалници, пратеници, директори на јавни претпријатија од ВМРО-ОКГ, сите тие се обезбедиле со бугарско државјанство“ рече Петар Огњеновиќ – Член на Извршниот одбор на СДСМ.

Законските измени со кои пратениците ќе може да имаат само македонско државјанство, се во комисиска расправа. Предлогот го доставија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а опозицијата има доставено повеќе амандрамани.