Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Прилози

Мицкоски го поддржува предлогот на Сиљановска- Давкова, освен пратениците и министрите да имаат само македонско државјанство

Премиерот Мицкоски го поддржува предлогот на претседателката Сиљановска Давкова, освен пратениците и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Мицкоски го поддржува предлогот на претседателката Сиљановска Давкова, освен пратениците и шефот на државата и минситрите да неможе да имаат двојно државјанство. Ако уставно-правните експерти смеетаат дека во предлог законското решение може да се имплементира и тој дел, поддршка од премиерот има.

  • „Ако правните експерти, уставно-правните експерти велат дека нема проблем, тогаш јас апсолутно го поддржувам тоа. Јас немам двојно државјанство, ниту пак имам намера да имам двојно државјанство. Моето државјанство е Македонско, и нека се прошири ако законот и Уставот го дозволуваат тоа“, рече Мицкоски.

Претходно, претседателката го поддржа предлогот на пратениците да немаат двојно државјанство но истото да важи и за другите високи функционери. Според неа, во Законот за Влада може да се имплементира ограничувањто за двојно државјанство, додека за претседателот тоа треба да се измени во Уставото бидејќи нема закон за претседател.

Oпозициската СДСМ пак обвинува дека власта не сака да го усвои предлогот со кој би се забранило двојно државјанство на носители на извршната власт.

Реклама
  • ВМРО-ОКГ одбива да го усвои предлог законот со кој се забранува двојно државјанство за пратеници, членови на Влада и претставници на извршната власт. Зошто? Затоа што половина од нив веќе има бугарски пасоши. Министри, градоначалници, пратеници, директори на јавни претпријатија од ВМРО-ОКГ, сите тие се обезбедиле со бугарско државјанство“ рече Петар Огњеновиќ – Член на Извршниот одбор на СДСМ.

Законските измени со кои пратениците ќе може да имаат само македонско државјанство, се во комисиска расправа. Предлогот го доставија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а опозицијата има доставено повеќе амандрамани.