Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Мицкоски: Го осудувам инцидентот со дипломатските возила, МВР го обезбеди сторителот

Премиерот Христијан Мицкоски го осудува инцидентот со палењето на двете дипломатски возлиа пред Бугарската амбасада во Скопје и вели дека Министерството за внатрешни работи за кратко време го обезбеди сторителот кој веќе го признал делото. -Мојот став е ист како оној на Владата, силно го осудуваме овој кривично правен настан. И она кое што можам […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски го осудува инцидентот со палењето на двете дипломатски возлиа пред Бугарската амбасада во Скопје и вели дека Министерството за внатрешни работи за кратко време го обезбеди сторителот кој веќе го признал делото.

-Мојот став е ист како оној на Владата, силно го осудуваме овој кривично правен настан. И она кое што можам да го кажам е дека лицето кое што е сторител на овој кривично правен настан е обезбедено и во моментот трае распит за да ги видиме мотивите што и како придонело да се случува ова кое што се случи во текот на денот, да видиме што го инспирирало ова лице да го направи тоа што го направи- вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата во гостување во дневник на една од телевизиите во Македонија.
 
На прашањето дали има информација дали е изолиран случај, Мицкоски посочи дека тој би се воздржал од дополнителни коментари, како и дека лицето го признало делото, а официјалните лица вршат распит со него и очекува повеќе информации од распитот за кој рече дека ќе даде одговор на многу прашања.
 
Во однос на тоа дали имал комуникација со бугарските институции за инцидентот, Мицкоски рече дека Министерството за надворешни работи и надоврешна трговија е во постојана комуникација.

-Ме информираше министерот дека разговарал со неговата колешка. Така што, од наша страна ставот е јасен и на МНР, силно го осудуваме, лицето го обезбедивме за помалку од три часа и како институции уште една покажавме дека функционираме беспрекорно. Така што да видиме кои се мотивите за овој кривично-правен настан, потенцира Мицкоски.