Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Мицкоски го одби предлогот за резолуција на Филипче: Имавме изгласана декларација за македонските црвени линии, но СДСМ ја погази

Од ветувано европско здравство добивме предавства и променето име – вака премиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од ветувано европско здравство добивме предавства и променето име – вака премиерот Мицкоски одговара на предлогот на опозицискиот лидер Венко Филипче во Собранието да биде изгласана заедничка резолуција за евроинтеграциите со нашите „црвени линии“ и дека доколку се повтори вето од Бугарија да ги прекинеме преговорите со ЕУ. Претседателот на Владата вели дека во македонскиот законодавен дом веќе беше изгласана таква резулуција, но и покрај тоа СДСМ и ДУИ биле тие кои ги прифатиле сите ултиматими од Софија.

  • „Мислам дека СДСМ и ДУИ го потценуваат народот и играат на картата на кратка меморија, јас ќе ги потсетам дека тие истите веќе имаа една таква декларација во Собранието да не ги прифаќаат ултиматумите на Софија, тие прифатија се. Ќе ве вратам уште поназад, имаше уште една таква декларација во Собранието кога немаше да има промена на името на државата исто гласано од СДСМ, од пратениците, а СДСМ кога дојде во владата знаете што се случуваше ..Ќе ги почитуваат резултатите од референдумот, кога тој беше неуспешен не ги почитуваа.. Ова е работа која што треба да ја водат сериозни луѓе, со јасна стратегија, ова не е игра на итроштини. Видовме што и направија на државата во последните седум години со политика на итроштини каде стигнавме.. Се сеќавате на европско здравство, од тоа нема ништо. Остануваат само предаваствата, останува само криминалот  и неколкумина поранешни членови во Владата на СДСМ и ДУИ кои се ултра милионери. Тоа и граѓаните можат да го видат со каков движен и недвижен имот имаат во земјава и во странство“ рече Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Според премиерот начинот на кој што треба Македонија треба да се избори за своето место во Унијата е со аргументи, како што тоа го прави владата. 

  • „Тоа што на граѓаните им треба една јасна визија, јасна стратегија борба со аргументи, стекнување пријатели, објаснување со аргументи, нашата позиција како Влада ја знаете не треба да ја објаснувам, така што тој тип на итроштини ќе го оставиме во минатото, имаме иднина на развој, на реформи, на изградба итн“ рече Мицкоски. 

Владата води неискрена политика во однос на европските интеграции и свесно го пролонгира процесот, смета пак лидерот на СДСМ Венко Филипче. Во гостување на национална ТВ, предложи македонското собрание да изгласа зедничка резолуција за европските преговори. 

Реклама
  • „Сметам дека нема никаква намера да се направи чекор напред кон евроинтеграциите. Тоа што ние сме го прифатиле францускиот предлог е затоа што таков предлог дојде подготвен од Европската Унија и ни беше јасно дека друга шанса нема да имаме“, рече Филипче во гостување на национална ТВ.

Македонското собрание на 29-ти јули пред четири години изгласа резолуција со 95 гласа „ЗА“донесе одлука преговорите со ЕУ да се водат со должно почитување на меѓународното право и без никакво условување, како и со почитување на достоинството на македонскиот народ. Една година подоцна, тогашната власт го прифати Францускиот предлог, со кој за Македонија се условија европските интеграции.