Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Мицкоски: Главна понуда на СДСM на овие избори е црна кампања и трикови, го вклучија дури и главниот трачер во друштвото Пендаровски,  но ќе доживеат огромен дебакл

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  народниот митинг одржан во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  народниот митинг одржан во општина Крушево, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нуди реална програма и проекти а СДС нуди празни ветувања и црна кампања и затоа ќе доживеат огромен дебакл на 19 октомври.

„Ние настапуваме со јасна и прецизна програма, а нашите противници настапуваат со демагогија, празни ветувања, со истите трикови и подземни коалиции. Нивната црна кампања е нивната главна понуда на овие избори. Па така тие во оваа кампања го вклучија и нивниот вистински лидер кој допатува директно од ДУБАИ, а во јавност се појавува неговиот заменик Венко. Покрај овој вистинскиот кој допатува од Дубаи во кампањата го вклучија и нивниот грамафон кој пишува текстови исклучиво во медиуми блиски до СДСМ, а кој ми порача дека ќе ме раситнел на делови и повика на линч, што самото тоа покажува колку страв и омраза има кај овие луѓе“ нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека СДС се толку исплашени од поразот кој им следи што во кампања го вклучиле и главниот трачер во друштвото Стево Пендаровски.

Реклама

„А од вчера го вклучија и поранешниот претседател и главниот трачер во друштвото Стево Пендаровски, кој пак кутриот на јавна сцена призна дека следел и знаел за прислушкувањето. Тој во настапот го опиша во детали пола мој работен ден, работи кои не се кажани никаде и кој може да ги знае само човек кој добивал извештаи за следење и притоа сакајќи да вметне некаков црв на сомнеж фрла светло дека луѓе блиски до мене ме кодошеле. И ме повикува јавно да сум кажел кои се тие луѓе. Јас не знам кој се тие луѓе и дали постојат, но знам дека во држава со сериозно обвинителство каде што владее законот тоа сериозно обвинителство треба уште утре Стево Пендаровски да го повика и да даде  изјава пред обвинител за ова кривично дело кое јавно го призна и би се водела постапка за неовластено следење на политичките конкуренти. Ете до толку се забегани и до толку одлепени од реалноста. И сите овие чекори покажуваат дека се силно уплашени, а тој страв е последица на тоа дека и тие знаат дека на овие локални избори  ги чека дебакл во низата  и тие не само што знаат дека нема да стигнат до власта туку се уплашени и за фотелјите во нивната сопствена партија. И тој страв им се гледа во секој нивен настап. А уште поголем страв им причинува фактот што ќе дојде ден кога ниту обвинителството, ниту ова распарчено судство кое Венко вели дека е професионално, ќе може да ги брани и заштитува. И правда ќе има. И само така Македонија ќе може да победи“ кажа Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните да излезат и на 19 октомври да гласаат за бројот 9 за подобра и просперитетна иднина.

„Ајде заедно да ја напишеме новата приказна на нашата татковина! Ајде да изградиме иднина со која ќе се гордееме! Ајде да покажеме дека кога сме обединети – никој не може да нè запре“, заклучи Мицкоски.