ЕСМ вложи жалба за одлуката на Основото јавно обвинителство за гонење организиран криминал за прекинување на истрагата за случајот „Мазут“ , информира премиерот Христијан Мицкоски, кој очекува Вишото јавно обвинителство правилно да одлучи.
Одговарајќи на новинарски прашања по обраќањето по повод 10-годишнината од своето присуство и работење во Македонија на германската компанија „Костал“ во Охрид, премиерот рече дека ќе ја почека одлуката на Вишото јавно обвинителство.
– ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на Основото јавно обвинителство за гонење организиран криминал и очекуваме Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи според тоа коешто е содржано во жалбата. Да почекаме што ќе одлучи Вишото јавно обвинителство па потоа да коментираме, нагласи Мицкоски.
