Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за науката, околу 680 милиони денари за научни трудови

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање дали Владата ќе ја поддржи науката и дали има план за тоа, појасни дека за Владата науката е многу важна и е еден од столбовите на државноста, затоа за оваа година споредено со 2024 година за двојно е зголемен Буџетот за науката, и проектите коишто се дел од науката.

-Да, да, науката ни е многу важна. Покрај физичкото образование, се разбира дека и науката е еден од столбовите на државноста и многу значаен сегмент, бидејќи без силна наука нема иднина. Јас доаѓам од науката, од високообразовна институција, на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Можам со задоволство да кажам дека оваа година, споредено од 2024 година, речиси двојно е зголемен буџетот за науката и за проектите коишто се дел од науката. Ако минатата година тоа беше нешто над 5,5 милиони евра, некаде околу 340 милиони денари, сега е некаде околу 660–670 милиони, 680 милиони денари. Ценам дека можеби и тоа е недоволно, се разбира, но е многу повеќе од тоа што беше. Периодот којшто следи, дополнително ќе се фокусираме на финансирање на науката. Јас ги повикувам сите високообразовни институции, приватниот сектор, Академијата на науките и сите останати да се вклучат и да поднесат свои проекти коишто ќе бидат иновативни, научни, со коишто ќе успееме да покажеме – дека и ние сме, во научна смисла, рамо до рамо со развиениот свет, рече премиерот.

Целта на Владата е во овој мандат, универзитетите да бидат на едно повисоко ниво, барем во првите илјада на следното рангирање на Шангајската листа.

Реклама

-Од тие проекти, научни и апликативни, очекувам да има многу научни трудови коишто ќе бидат публикувани во научни списанија со фактор на влијание. А со самото тоа и универзитетите ќе бидат на едно повисоко ниво на следното рангирање на Шангајската листа. Знаете, наша цел е да бидеме, во овој мандат, барем во првите илјада. Но тоа не зависи само од Владата, тоа зависи, се разбира, и од универзитетите. Работиме на многу честа основа и со Министерството за образование и со универзитетите, и се надевам дека оваа цел ќе биде исполнета, потенцираше Мицкоски.