Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Мицкоски: До последниот ден од мојот последен мандат ќе барам работа и резултати

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во говорот по реизборот се осврна и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во говорот по реизборот се осврна и на успехот на партијата и за пребродениот тежок период, како и на политичките противници – опозициските партии. Соопшти дека по конгресот ќе има кадровско доекипирање и реформи во партијата во наредните шест месеци што ќе се преслика и во Владата.  

– ВМРО-ДПМНЕ имаше историски најдобар резултат на последните избори. Партијата ја кренавме од една многу тешка  состојба во која се наоѓаше кога ја превзеемав. Замрзнат имот, политички прогон, луѓе кои ги апсат поради политички позиции а не поради тоа што направиле некакви дела. 27 април и сите кои настрадаа во овој случај. Долгови и што ли уште не. За да денес бидеме победничка партија, со историски добар резултат на последните локални избори. Без долгови кон никому. И политички противник кој е декласиран,  рече Мицкоски.

Тој додаде дека ДУИ се задржа во опозиција и само од нив зависи дали и на кој начин ќе ги извлечат поуките важни за нивната партија.  За СДСМ кажа дека не го прави среќен тоа што „тоне во безидејност и е под својот биолошки минимум како партија“.

Реклама

– Таа отвора простор за вртење на вниманието кон маргинални ликови, би рекол егзибиционисти во политиката, кои привлекуваат внимание, но сите вие знаете дека не се ниту толку храбри, ниту толку силни во своите ставови, зад кои најчесто се кријат лукративни мотиви. Тие создаваат еден талог во општеството и се дел од него. Се противат на секој државен интерес и на секоја вредност во општеството гледаат со скепса и ја разјадуваат. Интелектуалците се поттурнуваат на страна, а разумните не се повеќе гласни. Затоа мораме да го победиме тој талог заеднички и снажно. Да не дозволиме да се разјадат основите врз кои почива државата, Желбата за слобода, сопственоста на своето и правото на иднина. , рече Мицкоски.

На луѓето од неговата партија, пак, им порача дека во функциите што ги земаат влегуваат со нивната чест и углед.

– И многу е важно по што ќе ве запаметат и како ќе излезете во политиката која морам да признаам дека е една валкана арена на многу нечесни игри.  Таквата перцепција ја прават токму оние кои на политиката гледаат како алатка за исполнување на свои лични интереси, а не за напредок и заедничко добро … Ниту една функција во партијата не е од Бога дадена или од дома донесена. Никој функционер не е вечен и мора да има одговорност кон членството и кон самите себе. Не заборавајте од каде почнавте и од каде дојдовте. рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека заедно постигнале многу за краток период и ги исполнуваат очекувањата на народот. 

Соопшти дека во наредниот шестмесечен период ќе има реформи и кадровски освежувања во сите структури на партијата – од Извршниот комитет се до општинските и месните комитети. 

-На ВМРО-ДПМНЕ му е потребна новата генерација што треба да се роди во наредниот четиригодишен мандат. Генерација која ќе изгради од желбата и поривот да се гради татковината, која ќе ја следи и гради стратегијата што ќе обезбеди стабилно и победничко ВМРО-ДПМНЕ и силна иднина за нашата татковина Македонија. 

Упати порака, како што рече, „до сите што мислат дека да се биде претседател на ВМРО ДПМНЕ е награда, титула или привилегија“.

-Кој мисли дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се станува лесно – се излажал. Кој мисли дека функцијата се наследува заради блискост или по случаен пат, со плетење мрежи и со неконзистентност – погрешил. Кој мисли дека довчерашните субјективни заслуги ќе му донесат утрешна награда – не ја разбрал оваа партија, рече Мицкоски. 

Кажа и дека неговиот наследник ќе биде „човек со ’рбет, со интегритет, со дисциплина и фокус“.

-Ќе биде човек што знае да ја носи тежината на државата. Што знае да издржи. Што знае да прости. Што знае да биде чесен и кога боли и кога сите се откажуваат од него затоа што во моментот им е така опортуно да прават. Наследникот мора да биде човек што ќе знае дека партијата е поголема од него, а не човек што мисли дека е поголем од партијата, истакна Мицкоски и дека  мора да биде човек што ќе може да ја води Македонија – не во 2025 година, туку во 2050 година.