Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Мицкоски до Филипче: Во Струмица ли најде да зборуваш за морал, додека во прв ред беше Заев кој ја распродаде Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  вечерашниот митинг одржан во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  вечерашниот митинг одржан во општина Велес, во рамки на изборната кампања  под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври, истакнувајќи дека лицемерието на СДСМ кулминирало со вчерашниот говор на Венко Филипче во Струмица, каде тој зборувал за морал, владеење на правото и етика во политиката, во присуство на  неговиот гуру-Заев.

„Потрошивме часови, денови, да изработиме програма. Се консултиравме со народот, побаравме да работат експерти, и го планиравме секој денар кој ќе го употребиме во решенија и проекти. Наместо тоа од другата страна не видовме програма, туку клевети, заговори за личности, подземни игри. Никаде не излегоа со програма, туку голи ветувања за среќа, живот и црвени линии кои, всушност, не се линии, туку поклон за Бугарија. Кулминацијата ја достигнаа  вчера кога Венко од Струмица, во присуство на наговиот гуру доживеавме да говори за морал и етика во политиката. И додека тоа го зборува, луѓето се чудат и просто со неверување го слушаат човекот чијшто гуру беше во првите редови како зборува за чесност, за владеење на право, како зборува за морал и етика во политиката“, вели Мицкоски.

Мицкоски изјави дека однесувањето на СДСМ  и Венко Филипче ја покажува нивната потценетост кон народот и додаде дека вистинскиот ефект од нивното однесување ќе се види на претстојните локални избори, кога народот ќе го каже своето мислење за нивните непроменети лаги.

Реклама

„Имаме едно прашање до него: дали е свесен што зборува, каде се наоѓа и што мисли народот за овие негови изјави? Народот господине Венко Филипче ниту има намера да те мрази,  ниту да те презира, но со оглед  што си направил против народот и државата, без ронка срам излегуваш пред него и се правиш како ништо да не било, народот може едноставно  само да  се чуди — до каде си дотерал и како е можно ваков феномен да постои: човек кој го потценува својот народ, продавајќи се како некое ново лице, додека сите го знаат.  И му се чудат. Вистинскиот ефект на нивното однесување ќе го видат на изборите на 19-ти, а дотогаш може само да уживаат во нашата песна од кампањата. За да не се мачат многу да размислуваат, ги упатуваме на последните анкети според кои ВМРО-ДПМНЕ во кампањата не само што има пораст, туку последните анкети во крајот на втората недела од првиот круг кампања достигнуваат однос 4:1, а овде во Велес и повеќе“, рече Мицкоски.

Мицкоски упати порака за масовна излезеност на 19 октомври и поддршка за кандидатот за градоначалник, Марко Колев, за развој на општина Велес.

„Вистинскиот избор за Велес е Марко Колев. Човек кој покажа и докажа како се сака и како се бори за својот град, Марко се бори за секој еден проект, човек кој сум убеден дека следните 4  години ќе ја продолжи ренесансата која се случува во Велес овие 4 години. Направете го вистинскиот избор на 19 октомври заокружете го бројот 9“, заклучи Мицкоски.