Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Економија

Мицкоски: Цените почнаа да се стабилизираат во декември

Инфлацијата изнесувала 3,5% во 2024-та година, а цените полека, но сигурно  почнале…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфлацијата изнесувала 3,5% во 2024-та година, а цените полека, но сигурно  почнале да се стабилизираат. Премиерот Мицкоски вели дека намалувањето почнало уште во декември, иако не е целосно задоволен од однесувањето на трговците за време на празниците. Засега Државниот пазарен инспекторат ја следи ситуацијата, наместо да се замрзнат цените на основните прехранбени производи. Мицкоски вели дека не очекува подрастични промени, особено затоа што не поскапела струјата за да се зачува стандардот на граѓаните.

Мицкоски потенцира дека особено внимание ќе се посвети на реализација на капиталните инвестиции. Само овој месец се пушти во употреба експресниот пат Страцин – Крива Паланка, ќе се вози и по првата делница од патот Градско – Прилеп, а ќе финишира и пругата од Куманово до Бељаковце. Дополнително, еден од странските инвеститори со кои преговара Владата, го пикирал Штип како локација за своето ново вложување.

Во 2025-та, се зголемува помошта за земјоделците. Сите категории, од тутунарите до оризарите ќе бидат приоритет – вели премиерот. Директната финансиска помош се покачува на 120 милиони евра. Мицкоски, кој денеска присуствуваше на пуштање во употреба на клон од детска градинка и спортска сала во Штип, вели дека од првиот повик на Владата е планирано во оваа општина да се изгради долгоочекуваната обиколница со која ќе се поврзат двата влеза на градот. Следната година планирано е да се финансираат проекти во вредност од 6 и пол милиони евра.