Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени сè додека кај нас има структури подготвени да коленичат пред бугарските власти

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека во односите и преговорите со Бугарија како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека во односите и преговорите со Бугарија како Влада ќе опстојат на она што претставува наш корен, линија на македонскиот идентитет, дека тоа е црвента линија и од тоа нема да отстапи ниту милиметар. Не очекува да се промени наративот од бугарска страна и покрај најавите за формирање стабилна влада сè додека, како што рече, во земјата има политички и општествени структури, кои се подготвени да коленичат пред бугарските власти.  

– Во 21 век го негираат идентитетот на македонскиот великан Гоце Делчев. Во 21 век сè уште македонскиот народ се соочува со овие предизвици за кои не би требало да се соочува. За жал, наместо да се бориме за заедничка иднина, за подобра иднина, ние сè уште отвораме прашања од минатото и, за жал, некои од овие прашања со своите корени се во средниот век – рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања по панихидата одржана по повод 123-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев. 

Иако во Бугарија се очекува стабилна влада по подолго време, Мицкоски не очекува бугарскиот наратив во однос на Македонија да се промени.

Реклама

– Ако ме прашате за лично мислење, не очекувам воопшто да се промени атмосферата. Напротив, очекувам таа да се вжешти затоа што сè уште има структури, и политички и општствени кај нас дома, кои се подготвени да коленичат пред бугарските власти и да бидат мекото ткиво на македонската надворешна политика. Сè додека има такви структури и сили, јас не очекувам промена на односот на нашиот источен сосед – рече премиерот.

Потенцира дека, сепак, како Влада, подготвени се на разговори, но тие да бидат аргументирани.

– Ние како Влада секогаш сме подготвени за билатерални разговори, да ги соочиме нашите аргументи и, се разбира, оние аргументи што ќе преовладеат, ние сме подготвени да ги прифатиме, исто како што очекуваме и од спротивната страна да ги прифати – истакна премиерот Мицкоски.