Реклама

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Македонија

Мицкоски: Бугарија нема да го смени ставот без силна реакција од ЕУ

Уште една потврда од меѓународните институции дека Бугарија ги крши правата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште една потврда од меѓународните институции дека Бугарија ги крши правата на Македонците на слободно здружување со тоа што одбива регистрација на здружение. Комитетот за човековите на Обединетите нации заклучи дека судските одлуки биле нејасни и претерано формалистички, потенцирајќи дека тамошните власти не ги зеле предвид информации на Македонците за формирање на непрофитната организација за заштита на човековите права, ниту објасниле кои одредби од Законот биле прекршени. Затоа, Комитетот носи заклучок дека државата односно Бугарија не го оправдала одбивањето за регистрација на организацијата ниту покажа дека одбивањето било неопходно и пропорционално и има рок од шест месеци да ја исправи ситуацијата.

  • “Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението. Овој израз на плурализам, разновидност и толеранција го води тековното работење на Комитетот во врска со неговиот нацрт-Општ коментар бр. 38 за правото на слобода на здружување” рече Ивон Дондерс, членка на Комитетот.

Но ниту ова одлука нема да има суштинско влијание врз официјална софија без посилен меѓународен притисок, смета премиерот Христијан Мицкоски. Според него, Македонија во изминатиот период добива сè повеќе меѓународна потврда за своите позиции, но оти тоа не значи автоматска промена на ставовите на Бугарија. Според него, без јасен и координиран став од Европската унија, не може да се очекува промена во односите, иако ваквите одлуки, како што рече, ја зајакнуваат позицијата на земјава на меѓународната сцена.

  • „Јас не очекувам дека ќе има ефект врз политиката кај нашиот источен сосед, освен ако не се вклучи силна, робусна акција од Брисел“, изјави Мицкоски.

Премиерот критикува дека одредени политики на „меко ткиво“,  кои во минатото ги воделе СДСМ, придонеле за, како што рече, отстапки во однос на македонскиот идентитет.

Реклама
  • „Секој што верува дека со промена на Уставот или со отстапки ќе се решат проблемите – се лаже. Тоа е или неразбирање на политиката или свесно оттурнување на националните интереси“, истакна Мицкоски.

 За одлуката на Комитетот на ОН, информираа од ОМО „Илинден“ – Пирин, од каде наведуваат дека станува збор за значајна одлука во контекст на правото на здружување на Македонците во Бугарија и заштитата на човековите права. Нивниот негативен одговор за регистрирање на “Правозаштитен комитет Толерантност“ освен првостепениот суд, ја потврдила и Апелација.