Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Мицкоски: Ако го смениме Уставот и ако не сме Македонци, ќе бидеме најдобри – е тоа, нема да се случи додека сум јас премиер

Македонија го промени знамето, уставното име, направи еден куп идентитетски отстапки. Изминатите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија го промени знамето, уставното име, направи еден куп идентитетски отстапки. Изминатите години бевме многу пати понижувани, се соочувавме со непринципиелни услови, а европскиот сон стануваше се понедостижен. Наместо перспектива и јасен пат напред, земјава останува заглавена меѓу блокади и политички условувања.  Премиерот Христијан Мицкоски вели дека доста е од уцени – ќе направиме се за да си ја завршиме домашната задача и да бидеме подготвени за ЕУ, но не под притисок и ултиматуми.

Ние се ќе направиме да ја завршиме задачата. Кога го сменивме името, рекоа уште 3-4 години и ќе влезете во ЕУ. Тие години поминаа, каде сме сега? 25 години назад. Супер, ајде да го смениме уставот, тогаш ќе бидеме најдобри, ајде уште и да не сме Македонци? Да сме нешто друго? Најдобри ќе бидеме за нив. Епа, тоа нема да се случи додека јас сум премиер, рече Мицкоски.

И како што беше најавено, дека по изборите се очекува да се интензивираат активностите за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, Мицкоски вели дека биле подготвени да разговараат, но не доаѓа предвид и понатаму да се прават, како што рече, предавства и капитулации.

Реклама

Нашиот став е многу јасен, се знаат кои се црвените линии, ние сме ги опишале тие црвени линии многупати досега. Подготвени сме да седнеме и да разговараме, но не би било коректно некој да очекува дека оваа Влада додека сум јас премиер наеднаш ќе каже дека ова досега што го зборевме не важи, сега ќе седнеме и ќе направиме уставни измени. Барем јас додека сум претседател на Владата. Ако дојде некој друг нека тераат друга политика, рече премиерот Мицкоски.

Разочараноста и скепсата кај граѓаните пак, е очекувана со оглед на двојните аршини на ЕУ која молчи на злоупотребата на ветото од страна на Бугарија. Наместо само исполнување на Копенхашките критериуми – како што е случај со останатите земји – од нашата држава се барало и се уште се бара нешто повеќе: Покрај уставните измени, и промена на учебници и ревидирање на историските наративи. Сето тоа како предуслов за тргање на бугарското вето, без никаква гаранција дека нема да следат нови блокади во иднина.