Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Мицкоски: 1400 метри квадратни реновиран простор на Одделението за управни работи, наесен ќе отпочне втората фаза

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со министерот за внатрешни работи Панче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денека присуствува на пуштање во употреба на целосно реконструираното Одделение за управни работи – Скопје во зградата на МРТВ.

-Најпривин благодарност до сите тука што имавме можност да го прошетаме овој објект и да се потсетиме што се изгубивме изминатите 7 години додека СДСМ и ДУИ ја разграбуваа државата и ја уништиваа, а како можело да биде за помалку од година дена. Како ова сето можело да биде во пристојни услови. Исто така прошетката тука ме наврати на година дена наназад кога во овие нечовечки, нехумани услови македонските граѓани ги вадеа своите патни исправи, а тоа не потсетува на оние 7 години ужас, криминал, помижување и срам коишто го направија Владата на СДСМ и ДУИ. А сега гледате денеска во еден климатизиран убав пристоен би рекол европски амбиент македонските граѓани би можеле да дојдат до своите патни исправи, изјави премиерот Мицкоски.

Тој потенцира дека се чувствува пријатно во овие 1400 метри квадратни реновиран простор.

Реклама

-Оваа есен се очекува да отпочне и втората фаза на реновирање на допполнителни 1000 метри квадратни со што ќе се заокружи овој процес и да не се повторат оние турканици, гужви коишто ни се случуваа и не потсетуваат на оние 7 години тешки за македонските граѓани кога во Владата беа СДСМ и ДУИ.

Дозволете ми да ве информирам дека заедно со министерот за внатершни работи и луѓето во министерството работиме на многу значаен проект. Да обезбедиме патните исправи да се печатат тука а не да се печатат надвор од Македонија, најави премиерот Мицкоски.

Вкупната вредност на проектот (приземје + 1 кат) опфаќа 2.300 метри квадратни, односно 48.000.000 денари. Завршена е прва фаза на проектот, реконструкција на најголемиот дел од приземјето од 1.300 метри квадратни.