Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Мицкоски: Заев ја сведува кризата на дневнополитичка пресметка, додека бројката на нови болни и починати расте

Навистина жалам што трагедијата и фијаското што се случува со ширењето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Навистина жалам што трагедијата и фијаското што се случува со ширењето на заразата Зоран Заев ја сведува на обична дневнополитичка пресметка, во ситуација кога дневно се заболуваат над 50 луѓе, а бројката на починати расте.

Но, сепак да одговорам:

Мерките против корона кризата се укинаа по препорака на Комисијата за заразни болести водена од политичарот Караџовски, а одлуката е донесена од владата на Заев и Спасовски. Мнозинството во таа влада е на Зоран Заев и СДСМ.

Реклама

Тие сакаат да претстават дека јас и ВМРО-ДПМНЕ сме власт само за да се амнестираат од сопствената одговорност за погрешните одлуки и проценки.

Што се однесува до Наќе Чулев, господине Заев бидете свесен дека со нападот кон него напаѓате над 10 илјади припадници на МВР кои овие месеци го ризикуваа животот во обезбедувањето на редот и мирот. А Чулев е врвен професионалец кој работи согласно одлуки на Владата, спроведува закони и ги штити граѓаните. Вие треба да објасните зошто толку драматично го сменивте мислењето од 7 мај кога сакајќи да се додворите напишавте дека полицијата “покажа готовност, професионалност и пожртвуваност” .

Не го потценувајте народот, ваквото менување на реторика на 5 минути до 12 часот, претставува ново салто мортале на СДСМ. Добро знаеме што зборувавте вчера и колку само предупредував да не дојде до ова што го имаме денес.

Здравјето е загрозено затоа што глумевте нормализација и се боревте за потесен пораз. Сега треба да превземете одговорност и за последиците. Да ги вадиме ли пресовите кога велевте дека е под контрола работава? Слоганот ви е “нова нормалност”, а таа денес е 52 новозаболени и 5 починати.

Фејсбук статус на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.