Реклама

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Македонија

Мицкоски за правосудниот испит: Високо образование на мајчин јазик е неоспорно, македонскиот е официјален јазик во правосудниот систем

Ставот на Владата е дека писмениот дел од правосудниот испит треба да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ставот на Владата е дека писмениот дел од правосудниот испит треба да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот дел, во кој се симулираат граѓански и кривичен спор, треба да се одвива на македонски јазик, како официјален во правосудниот систем во земјата – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање за барањата на студентите за полагање на правосудниот испит на албански јазик и за нивните реакции на понуденото решение, Мицкоски рече дека правото на високо образование на мајчин јазик не е спорно, но оти треба да се прави разлика меѓу образованието и функционирањето на правосудниот систем.

– Не знам јас какви се процентите и како ги пресметуваат таму. Ставот на Владата е јасен. Правосудниот систем во Македонија е едно, а правото да се завршува високото образование на мајчин јазик е друго. Така што, никој не го оспорува правото да се заврши високо образование на јазикот на кој државата го овозможила – рече Мицкоски на настанот за промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила. 

Реклама

Тој посочи дека високото образование на правните факултети во земјата се одвива и на три јазици, кои се разликуваат од македонскиот, поради што, според него, писмениот дел од правосудниот испит треба да се полага на јазикот на кој е завршено образованието.

– И за нас како Влада, тоа сум го зборувал многупати во минатото, логично е писмениот дел да се полага на тој јазик на кој е формирано високото образование, а усниот дел, каде што се симулираат еден граѓански и еден кривичен спор, бидејќи тоа претставува симулација пред правосудниот систем, тоа значи право, односно подразбира правдина – изјави премиерот.

Мицкоски нагласи дека во правосудниот систем треба да се почитува принципот франка лингва, односно употребата на еден заеднички јазик, кој, како што нагласи, во Македонија е македонскиот.

Тој се повика и на препораката на Венециската комисија во врска со Законот за употреба на јазиците посочувајќи дека треба да се почитуваат мислењата на меѓународните институции.

– Така што, правосудниот систем во Македонија останува франка лингва, односно македонскиот јазик е официјалниот – рече Мицкоски.

Во врска со обвинувањата на опозицијата дека законското решение за административните службеници ќе се користи за политички реваншизам, Мицкоски истакна дека законот е дел од реформската агенда, подготвуван е со експерти од Европската Унија и е прифатен од Унијата и нагласи дека опозицијата шири невистини. 

– Опозицијата кажувала многу работи, во принцип кажувала сè што не е вистина. Така што, и на ова што го кажува опозицијата гледајте како на тоа дека зборува невистини. Инаку, тој закон е дел од реформската агенда, која, патем речено, ја создала токму таа опозиција додека беше на власт. Работен е со експерти од Европската Унија, прифатен е од страна на Европската Унија и не гледам тука апсолутно ништо страшно – истакна Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на настанот за промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила. 

Во однос на најавеното укинување на координацијата на безбедносните служби и можноста за нивно спојување, премиерот потврди дека се планираат реформи во службите.

Нагласи дека процесот е законска процедура, дека е во тек и најави јавна дебата пред да почне спроведувањето на реформите.

– Сè уште се работи процесот, кога ќе почне ќе има јавна дебата, тој процес ќе трае со месеци, нема ништо да биде скриено од јавноста – изјави премиерот Мицкоски.