Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека дијалогот на работната група за Изборниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека дијалогот на работната група за Изборниот законик ќе се откочи откако „обединетата опозиција – Левица, СДСМ и ДУИ“ ќе дојдат на состанок со предлог.

– Тие не доаѓаат. Левица ги интересираат парите за да одат на Халкидики, да си купуваат имот и за да прават кафулиња. СДСМ не знам што сакаат. ДУИ можам да кажам дека знаат што сакаат, ама тоа е невозможно – рече Мицкоски.

Тој им  порача да се договорат и оти тоа што тие ќе го договорат ќе биде прифатено, при што останува барањето за олеснување на гласањето на дијаспората за претседателските избори во 2029 година.

Реклама

-Нека седнат, нека се договорат, тоа што тие ќе се договорат ние ќе го прифатиме, а условот на ВМРО-ДПМНЕ е  да се олесни гласањето на дијаспората од претседателските избори во 2029 година. Тоа го бараме, мислам дека не бараме премногу – рече Мицкоски.