Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во Брвеница го победи СДСМ четири спрема еден, очекувам конечна победа со рекордни над 4.000 гласа

ВМРО-ДПМНЕ оствари победа во првиот круг од предвремените локални избори во Брвеница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ оствари победа во првиот круг од предвремените локални избори во Брвеница со предност од речиси 800 гласа пред кандидатот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), а во однос на СДСМ разликата е поголема од четири спрема еден – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој изрази очекување дека во вториот круг, закажан за 1 ноември, поддршката за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ дополнително ќе се зголеми посочувајќи дека партијата во првиот круг добила речиси 3.000 гласа, а во вториот круг очекува 4.000 гласа и конечна победа.

– Како што знаете, тоа се вонредни избори поради прерано завршениот живот на нашиот Јовица. Благодарност до граѓаните на Брвеница што излегоа и ја поддржаа победата на ВМРО-ДПМНЕ со некаде речиси 3.000 гласа. Очекувам таа бројка по вториот круг да се искачи на рекордни над 4.000 гласа. Така што, верувам во конечна победа. Општината Брвеница од аспект на етничка конфигурација е таква каква што е, но ние плeдираме на гласовите на сите етнички заедници и благодарност на сите граѓани на Брвеница, без разлика на етничката припадност, што излегоа и дадоа поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, кој убедливо води по првиот круг – рече Мицкоски.

Реклама