Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Мицкоски: Преносот на останките на цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска предавањето на посмртните останки што наводно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска предавањето на посмртните останки што наводно се на цар Самоил, од Грција во Бугарија, се осврна на Бледскиот договор, посочувајќи на историскиот контекст по капитулацијата на Бугарија во Втората светска војна и на пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје.

Одговарајќи на новинарско прашање како го коментира прашањето за преносот на посмртните останки и дали ваквиот потег може да има одредени импликации во односите на Македонија со Грција и со Бугарија, Мицкоски рече дека прашањето треба да се гледа низ призма на Бледскиот договор.

-Јас тоа го коментирам во насока на Бледскиот договор којшто е постигнат веднаш после капитулацијата на фашистичка Бугарија, којашто ја има, би рекол, окупирано за време на Втората светска војна територијата на денешна Македонија. Некој тоа го вика „администрирање“ од политичарите, за среќа што се поранешни политичари, односно поранешни политичари на функции, значи сè уште активни во опозицијата преку совети на раководствата во опозицијата, си имаат свои кукли таму и си ги раководат, изјави Мицкоски по увид на градежни активности на мостот што се гради на улица „Љубљанска“ во Карпош.

Реклама

Во однос на посмртните останки истакна дека тој би се вратил неколку децении назназад кога во Скопје беа донесени останките на македонскиот великан Гоце Делчев.

-Што се однесува до пренесувањето на моштите, јас би се вратил назад неколку децении кога моштите на македонскиот великан Делчев, како резултат на тој Бледски договор, се донесени во Скопје. И тоа е нешто што треба нас како Македонци да нè прави горди, затоа што моштите на тој великан, којшто бил во свое време пред времето, симболизираат многу за македонскиот идентитет – нагласи премиерот.

Мицкоски изрази жалење што, според него, малкумина денеска го споменуваат Бледскиот договор и она што било договорено со него.

-И штета што малкумина денеска го споменуваат Бледскиот договор и сè она коешто таму е договорено, а тоа не е така оддамна, тоа е пред неколку децении. Ќе повторам, после капитулацијата на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна, којашто, ќе повторам, во тоа време ја окупирала територијата на денешна Македонија – нагласи Мицкоски.