Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, истакна дека пораката од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, јасно ги демантира тврдењата на домашната опозиција и Филипче дека Владата не спроведува реформи.
– Пораката од претседателката на Европската Ккмисија беше многу јасна и децидна, која го демантира ова што го зборува домашната опозиција – рече Мицкоски во синоќешното гостување на една од телевизиите.
Мицкоски посочи дека Фон дер Лајен ја оценила работата на Владата како импресивна, што, според него, претставува исклучително силна позитивна оценка.
– Таа вели вие правите импресивна работа, тоа, ќе се согласите, ,претставува највисоко ниво на суперлатив и ќе се согласите дека таква реторика немаше на претходните дестинации што таа ги посети. Ние зборуваме за домашната политичка сцена, сега зборуваме дали оваа Влада се плаши да испорачува реформи или не се плаши. Потврдата дојде од највисокото ниво на ЕК, тоа е претседателката, која пред да дојде во Скопје беше на неколку други места и само тука го искористи тој „вординг“, односно највисоко нивно на суперлатив кога рече дека ние правиме импресивна работа во делот на реформите. Што значи демантирани се лагите на опозицијата, ние работиме и реформираме – посочи премиерот Мицкоски.

