Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

МФ: „Стандард и Пурс“ го потврди рејтингот „BB-/B“ со стабилни изгледи – јавните инвестиции и домашната побарувачка го поддржуваат растот

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата ББ – со стабилен изглед. Во најновиот извештај, Aгенцијата оценува дека перспективите за економски раст, умереното ниво на јавниот долг и одржливите трошоци за сервисирање на долгот ги ублажуваат ризиците поврзани со високите фискални дефицити.

Како што соопшти Министерството за финансии, агенцијата очекува економскиот раст да достигне околу 3,6% во 2026 и 2027 година, поттикнат од високото ниво на јавни инвестиции и отпорната домашна потрошувачка и покрај негативните економски прелевања од војната на Блискиот Исток, пред сè преку повисоките цени на енергијата.

Како клучни двигатели на растот, „Стандард и Пурс“ ја издвојува забрзаната реализација на големите инфраструктурни проекти, особено Коридорите VIII и Xд, кои придонеле за раст на инвестициите од над 9% во првата половина на 2026 година. Слично високо ниво на инвестициска активност се очекува и во втората половина на 2026 година.

Реклама

Растот според Агенцијата дополнително ќе биде поддржан од отпорната приватна потрошувачка, поттикната од подобрувањата на пазарот на трудот, растот на платите и пензиите и зголемувањето на расположливите приходи на домаќинствата.

„Стандард и Пурс“ очекува инвестицискиот циклус да продолжи и во наредните години, при што просечниот економски раст во периодот 2027–2029 година се проектира на околу 3,3%.

Во делот на јавните финансии, „Стандард и Пурс“ очекува постепена фискална консолидација во периодот 2027–2029 година, при што буџетскиот дефицит во просек би изнесувал околу 3,4% од БДП.

Високото ниво на јавни инвестиции, финансирањето на инфраструктурните проекти и обврските поврзани со државните претпријатија според Агенцијата ќе влијае на нивото на долгот кој би бил на ниво од 57% до 2029 година. Истовремено, трошоците за сервисирање на долгот се оценуваат како одржливи.

Во извештајот се нотира и непречениот пристап на Владата до меѓународните пазари на капитал, при што се посочува издавањето на две еврообврзници од по 500 милиони евра во јануари 2026 година.

„Стандард и Пурс“ посочува дека трајното подобрување на фискалните перформанси, одржливото намалување на нето јавниот долг и посилниот економски раст според Стандард и пурс ќе имаат позитивно влијание на кредитниот рејтинг на земја.

Агенцијата ја нотира и посветеноста на Владата кон процесот на европска интеграција, кој го оценува како важен двигател на структурните реформи на среден рок.

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја – потсетуваат од Министерството за финансии.