Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

МФ: Годишен состанок на ЕБОР во Рига, инфраструктурните проекти значајна ставка во политиките на Владата

Државниот секретар во Министерството за финансии Андриана Матлиоска од 5 до 7 јуни учествуваше на Годишното собрание и бизнис форум на Европската банка за обнова и развој, што се одржа во Рига, Латвија. Годинашното Собрание беше посветено на тема „Од нестабилни до разновидни економиии коишто иновираат во свет што се менува“, на коешто учествуваа владини […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот секретар во Министерството за финансии Андриана Матлиоска од 5 до 7 јуни учествуваше на Годишното собрание и бизнис форум на Европската банка за обнова и развој, што се одржа во Рига, Латвија. Годинашното Собрание беше посветено на тема „Од нестабилни до разновидни економиии коишто иновираат во свет што се менува“, на коешто учествуваа владини претставници, финансиски и корпоративни директори, акционерите, партнерите и клиентите на банката, бизнис секторот, како и граѓанскиот сектор.

Како што соопшти денеска Министерството за финансии, Матлиоска за време на престојот во Рига оствари повеќе билатерални состаноци со претставници на ЕБОР, ЕИБ, Зелениот климатски фонд, како и со претставници на Министерството за надворешни работи на Холандија и ЕБОР Конституенцата предводена од Холандија.

– На состанокот со директорката за инфраструктура за Европа во ЕБОР, Елена Гордеева беше истакната посветеноста на земјава за унапредување на инфраструктурата во што значаен партнер во реализацијата е Европската банка за обнова и развој. ЕБОР во земјата има инвестирано во 213 проекти во вредност од 3,13 милијарди евра, а во моментов се работат проекти во вредност од 1,3 милијарди евра, се вели во соопштението. 

Реклама

Матлиоска изразила благодарност за подршката што досега е дадена од страна на ЕБОР на нашата земја и ја потенцираше посветеноста на Владата на реализацијата на капиталните расходи.

– Капиталните расходи претставуваат клучен инструмент на фискалната политика и двигател на економскиот раст за периодот 2027–2031 година, со цел обезбедување долгорочни економски придобивки преку зголемување на јавните инвестиции особено во патната и железничката инфраструктура, енергетски капацитети, системи за водоснабдување и канализација, дигитална инфраструктура, како и проекти во образованието и социјалната заштита –  посочи Матлиоска на состанокот, на којшто беше истакната подготвеност на Банката за понатамошно партнерство во реализацијата на проекти во патната и железничката инфраструктура и општинската инфраструктура.

На состанокот со директорката на Секторот за инфраструктура за Европа во ЕБОР била истакната посветеноста на земјава за унапредување на инфраструктурата во што значаен партнер во реализацијата е Европската банка за обнова и развој.

На средбата со директорoт за партнерство на ЕИБ Глобал,  Ричард Амор, исто така, било посочено на значењето на поддршката што ЕИБ ја дава на земјата во реализација на повеќе проекти и којашто поддршка е на ниво од 1,6 милијарди евра.

Матлиоска изразила благодарност за досегашната поддршка на ЕИБ во енергетската и железничката инфраструктура, општинската водоводна инфраструктура, а исто така изрази и благодарност за подготвеноста на ЕИБ  за продолжување на соработката за поддршка на приватниот сектор, поточно на малите и средни претпријатија преку Развојната банка.

На средба со директорот на одделот за регионот на Источна Европа, Централна Азија и Блискиот Исток на Зелениот климатски фонд Томас Ериксон, пак, посочила дека Владата продолжува со силна посветеност кон реформските процеси вклучително и реформската агенда, препознавајќи ја како основа за економски развој, зајакнување на институциите и успешна интеграција во Европската Унија.