Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Мерки како од ракав – критики за новата платформа на СДСМ

Евтини станови за тие што прв пат купуваат, намаленио де-де-ве, по 10 илјади евра за младите, укинување на персонален данок – многу е лесно да се даваат идеји кога сте во опозиција, но како после цели 7 години на власт не беше остварена ниту една од тие. И не се само економските мерки – СДСМ […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Евтини станови за тие што прв пат купуваат, намаленио де-де-ве, по 10 илјади евра за младите, укинување на персонален данок – многу е лесно да се даваат идеји кога сте во опозиција, но како после цели 7 години на власт не беше остварена ниту една од тие. И не се само економските мерки – СДСМ преку својата платформа „Твоја држава – твоја шанса“ нуди и предлози кои беа тема на разговор и додека беа на власт, како што се ветинг на политичари, радикална меритократија, анонимно вработување, повисоки плати,  професионализација на  дипломатијата и реформи на судството. Ветуваат големи промени во политичко-општествениот живот на Македонија, но критичарите прашуваат зошто сите овие ветувања од платформата не беа реализирани кога СДСМ беше на власт, и во време кога токму сегашниот лидер Венко Филипче беше министер и еден креаторите на политиките.

Изјава Бранко Героски – новинар

  • СДСМ во последните 30 години, особено во седумте години на Зоран Заев беше во посиција да донесе значајни, крупни, реформски одлуки и да реши многу прашања кои останаа во тој период нерешени. И за ветингот во судството и за политичарите, и за еконоски прашања, концепти за вработувања, сето тоа беше на маса кога СДСМ беше на власт и клучното прашање е ако една екипа, една номенклатура на таа партија која е практично сијамски поврзана со претходната, а која не била способна да направи значајни промени, како тоа ќе биде способна откако ќе дојде на власт – вели Героски.

Во платформата на СДСМ се ветува европеизација на Македонија, дури и како што велат, силна одбрана на идентитетот. Прашањето е како тоа ќе го спроведат ако се има предвид дека во моментов филипче е еден од најгласните политичари во Македонија кој упорнмо бара да се прифати бугарската уцена за ставње на бугарите во уставот.

Реклама
  • СДСМ во 2021 година гласаше за една собраниска декларација за позициите на Македонија во спорот со Бугарија во евроатланскиот процес и СДСМ презеде обврска за почитување на историскиот континуитет на македонската нација, идентитетот, изворниот карактер на јазикот, проблемот е во тоа што од 2021 година во континуитет СДСМ работи целосно спротивно од тие преземени заложби – додава Героски.

Новата платформа на СДСМ беше усвоена на неделниот 32 партиски конгрес.

Срѓан Ивановиќ