Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Мерџановски: На ТОАРИЛУЦ примени поголем број пациенти повредени во сообраќајки, регистрирани се и случаи на колапс предизвикан од високите температури

Во изминатиот период на Клиниката за ТОАРИЛУЦ се примени поголем број пациенти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатиот период на Клиниката за ТОАРИЛУЦ се примени поголем број пациенти повредени во сообраќајни незгоди, меѓу кои и околу петмина мотоциклисти со тешки повреди, а регистрирани се и случаи на колапс предизвикан од високите температури, информираше директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски.

– Имаме пациент со повреда на вратот кој успеавме да го спасиме и очекуваме неговата состојба да биде добра. Имавме и пациент кој учествувал во сообраќајна незгода откако поради високите температури колабирал, изгубил свест и удрил во друго возило. И тој пациент беше опериран – појасни Мерџановски.

Тој апелираше граѓаните да бидат внимателни во услови на високи температури, да избегнуваат патувања во најтоплиот дел од денот и да внесуваат доволно течности.

Реклама

Одговарајќи на новинарско прашање дали топлотниот бран влијае на бројот на пациенти со повреди, Мерџановски истакна дека ова лето се бележат повеќе случаи на колапси поврзани со жештините.

– Имаме градежни работници кои паднале, имаме пациенти кои колабирале додека управувале возило, а има и повозрасни лица кои поради топлината паѓаат и се здобиваат со различни скршеници – информираше директорот на ТОАРИЛУЦ.

Според Мерџановски, најчесто станува збор за фрактури кај повозрасни пациенти, кои потоа бараат оперативно лекување.

Тој препорача граѓаните да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 или 18 часот и да консумираат повеќе течности, следејќи ги препораките на здравствените институции и службите за итна медицинска помош.