Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

МЕПСО распиша нов тендер за изградба на 400-киловолтен интерконектор со Албанија

АД МЕПСО денеска објави меѓународен тендер за изградба на 400-киловолтен далекувод кон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

АД МЕПСО денеска објави меѓународен тендер за изградба на 400-киловолтен далекувод кон Албанија, со што ќе се комплетира регионалниот енергетски коридор Исток-Запад — проект од стратешко значење за енергетската стабилност и интеграција на земјава.

Новиот тендер следува по раскинувањето на договорот со претходниот изведувач, кој со неоправдани барања за дополнителни средства и еднострано повлекување од теренот го загрози проектот и јавниот интерес.

Проектот опфаќа изградба на околу 100 километри далекувод од Трансформаторската станица Битола 2 до македонско-албанската граница, во вредност од околу 17 милиони евра. Финансирањето е обезбедено преку заем и грантови од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и европските фондови. Рокот за поднесување на понуди е 45 дена, а изборот на најповолен понудувач се очекува во третиот квартал од годинава. Изградбата треба да започне на почетокот на 2026 година и да биде завршена до крајот на 2027 година.

Реклама

На денешната прес-конференција, генералниот директор на АД МЕПСО, Бурим Љатифи, истакна дека изградбата на новиот интерконектор ќе ја позиционира македонската преносна мрежа како суштински дел од европската енергетска инфраструктура.

„Ова ќе овозможи стабилно учество на регионалните пазари, пристап до системски балансни услуги и обезбедување на посигурно и поекономично снабдување за сите граѓани“, рече Љатифи, додавајќи дека ова е уште еден чекор кон позиционирање на земјава како стратешки енергетски јазол на Балканот.

Тој нагласи дека новата конекција ќе ја зајакне отпорноста на преносната мрежа, ќе го минимизира ризикот од прекини и ценовни шокови, како и ќе создаде можности за приклучување на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори. Проектот ќе придонесе за стабилни, достапни и конкурентни цени на електричната енергија на долг рок.

Во однос на прекинатиот договор со претходниот изведувач, Љатифи објасни дека досега се исплатени околу 5,8 милиони евра, од кои околу два милиони евра се вратени преку активирање на банкарски гаранции.

„Средствата се вложени во набавка на опрема, која сега е наша сопственост и претставува околу 50 отсто од вкупно потребната опрема за реализација на проектот. Стручни лица од Машинскиот и Електротехничкиот факултет потврдија дека набавената опрема е квалитетна и соодветна“, изјави Љатифи.

Тој посочи дека пред да се донесе одлуката за раскинување на договорот, биле консултирани стручни тимови, консултанти и адвокати. Главни причини за прекинувањето биле неоснованите финансиски барања и едностраното напуштање на теренот од страна на изведувачот.

„Од 2020 година досега беа изградени само 24 од вкупно 269 предвидени столбови, што јасно покажува недостаток на сериозност за навремена реализација на проектот“, потенцираше Љатифи.