Во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје, денеска со почеток во 9.30 часот ќе се одржи Централен меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители од 2001–2015 година, под покровителство на Министерството за внатрешни работи.
Како што соопшти МВР, во рамки на настанот предвидено е кратки обраќања да имаат министерот за одбрана Владо Мисајловски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

