Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Македонските востаници секогаш се повикувале и на цар Самуил!

Според македонската  историја, Самуил е личност со високи политички, дипломатски и воени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според македонската  историја, Самуил е личност со високи политички, дипломатски и воени доблести; цар, владетел, народен водач и војсководец, достоен на угледот и моќта на византискиот цар Василиј Втори. Византискиот историчар од 11-от век Јован Скилица за него пишува дека бил воинствен човек кој не знае да мирува, а Јован Геометер, византиски поет од 10-от век, Самуил го споредува со комета и страшен виор кој гори се пред себе. Византискиот  автор Кекавмен му придава карактеристики на генијален војсководец, па вели дека битиката на Беласица се случила во времето кога со нив владеел „извонредниот војсководец Самуил“. 

Според летописот на поп Дукљанин, за време на владењето на Самуил, „Грците не се осмелуваа ни да се доближат до Македонија“, а според житието на Свети Никон Метаноит, пак, Самуил бил „со снага непобедлив и по моќ несовладлив“. Во хронолигијата на Јован Зонара, цар Самуил е народен водач и трибун.

Притоа, на државно-правната традиција од времето на цар Самуил, се повикувале и водачите на македонските востанија против византиската власт Петар Дељан и Ѓорѓи Војтех, а македонскиот народ подоцна постојано го спомнувал во своите песни и  преданија.

Реклама

Македонските востаници од почетокот на минатиот век, заедно со Александар Македонски, секогаш се повикувале и на славата на цар Самуил. Така, на пример, на 24 јули (нов стил) 1901-та година, на ден Иванден, била формирана првата Охридска чета а за свеченоста по тој повод Атанас Кецкаров пишува:

„Игуменот на манастирот Атанас Темјанов, облечен во најскапата свештеничка  одежда, ја освети и благослови воскреснатата Самуилова војска“.

Охридскиот војвода Христо Узунов во својата кореспонденција го користел псевдонимот Самуил, а Крсте Петков Мисирков вели дека Македонците имале „силна македонцка држаа од цар Самуил и богата народна литература“.

Дури и на Првото засание на АСНОМ во „Прохор Пчински“, значи на 2 август 1944 година, во повеќе документи е потенцирано дека „македонската држава е продолжение на средновековната држава на цар Самуил како историско наследство на македонскиот народ“.