Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Меморандум меѓу КИНСИВ и МВР, размена на информации, техничка поддршка и оперативна координација

Комитетот за истрага на несреќи и сериозни инциденти во воздухопловството (КИНСИВ) и Министерството за внатрешни работи со меморандум за соработка денеска дефинираа рамка за размена на информации, техничка поддршка и оперативна координација, особено во случаи што бараат паралелно постапување – безбедносно истражување на местото на настанот и судско-истражни активности на надлежните органи. На тој начин, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комитетот за истрага на несреќи и сериозни инциденти во воздухопловството (КИНСИВ) и Министерството за внатрешни работи со меморандум за соработка денеска дефинираа рамка за размена на информации, техничка поддршка и оперативна координација, особено во случаи што бараат паралелно постапување – безбедносно истражување на местото на настанот и судско-истражни активности на надлежните органи.

На тој начин, информира КИНСИВ, се осигурува дека истражните постапки ќе се спроведуваат во согласност со меѓународните стандарди на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО) и домашното законодавство, со јасно разграничување на надлежностите 

Меморандумот го потпишаа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на КИНСИВ, Марјан Прпоски.

Реклама

Од КИНСИВ велат дека документот претставува значаен чекор кон унапредување на координацијата и институционалната соработка меѓу двете тела во областа на безбедноста и истражувањето на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.

Со меморандумот се отвораат можности за заеднички обуки, споделување техничка експертиза и навремена размена на релевантни податоци за унапредување на воздухопловната безбедност во државава.