Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

МЕМО потпиша договор со словенечката енергетска берза БСП

Во просториите на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, денеска официјално беше потпишан Договор со словенечката енергетска берза БСП, како избран економски оператор за обезбедување услуги на трговски платформи и клиринг платформа за пазарите на електрична енергија во сегментите ден-однапред (Day-Ahead Market) и пазар во тековниот ден (Intraday Market).

Договорот, во присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, го потпишаа управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, и извршниот директор на БСП и претседател на управниот одбор на групацијата АДЕКС, Анже Предовник.

Пазарот ден-однапред во Македонија функционира од 10 мај 2023 година, а соработката меѓу МЕМО, БСП и ЕПЕКС СПОТ од тогаш бележи континуиран раст. Во рамки на заедничката соработка, до крајот на вториот квартал од 2026 година ќе биде воспоставен и пазарот во тековниот ден, што претставува значаен чекор кон зголемување на ефикасноста и флексибилноста на тргувањето со електрична енергија.

Реклама

Управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, истакна дека договорот е важен исчекор во развојот на македонската берза за електрична енергија и подготовка за идно поврзување со единствениот европски пазар. Тој нагласи дека воспоставувањето на пазарот во тековниот ден ќе овозможи навремено коригирање на позициите на учесниците и ќе придонесе за намалување на дебалансите, особено во услови на зголемено учество на обновливите извори на енергија.

Извршниот директор на БСП, Анже Предовник, оцени дека договорот претставува стратешки важен чекор за интеграција на Македонија во европскиот пазар на електрична енергија и посочи дека со јасна визија, силна институционална поддршка и експертски тимови, земјата има потенцијал да биде меѓу првите во регионот што ќе се приклучат кон Единствениот европски пазар.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека воспоставувањето на пазарот во тековниот ден е суштински чекор за модернизација на македонскиот енергетски сектор и негова реална интеграција во европскиот пазар. 

-Со вакви конкретни проекти ја градиме стабилноста, транспарентноста и конкурентноста на пазарот. Министерството активно и континуирано ја поддржува институционалната и техничката подготвеност на пазарните оператори. Нашата цел е јасна – функционален, сигурен и европски усогласен пазар на електрична енергија. Пазарот во тековниот ден, носи поголема флексибилност, подобро управување со обновливите извори и намалување на системските ризици. Тоа е директна придобивка и за учесниците на пазарот и за енергетската стабилност на државата – нагласи Божиновска.

Со реализацијата на овој Договор, МЕМО продолжува со активностите насочени кон развој на организираниот пазар на електрична енергија, регионална соработка и целосна интеграција во европското енергетско пазарно подрачје.