Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Мемеди: Новороденчето од Куманово чија мајка почина при породувањето сѐ уште е на респиратор

Се чека извештајот од стручниот надзор кој треба да покаже кои се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се чека извештајот од стручниот надзор кој треба да покаже кои се  причините за смртта  на 31 годишната родилка од Куманово. Комисијата од Министерството за здравство ќе утврдува дали се испочитувани протоколите за породување и дали истите треба да се обноват.Додека надлежните ја утврдуваат причината за смртта на мајката, новороденчето се уште е хоспитализирано на Детската клиника, и во моментов е ставено на респиратор за дишење.

– Понатамошните иследувања во однос на невролошки снимања на централниот нервен систем и другите системи се во тек. Сеуште е рано да прогнозираме за последиците. По нашите проценки мислам дека е оштетен доста мозокот, по тие манифестации, но сеуште е рано да процениме колку и до кој степен, изјави денеска Мемеди.

Министерот Таравари посочи дека протоколите по кои се работи во родилиштата се обновени, но и оти во изработка се нови правила и протоколи, како за работата на гинекологија, така и за сите болници. Таравари вели дека една недела е потребно за комплетирање на целата документација за да се каже дефинитивно дали имало или немало лекарска грешка при пораѓајот на кумановката.

Реклама

Родилката почина во саботата, еден ден претходно била примена во болница со пукнат водењак, слаби контракции и почнато породување. Докторите чекале да добие спонтани контракции за породувањето да продолжи по природен пат, но по почнувањето на стимулацијата состојбата одеднаш се влошила. Бил викнат анестезиолог за реанимација,но срцева акција и крвен притисок веќе немало, па докторите веднаш почнале операција за да го спасат бебето.