Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Мемеди: Имаме 70 до 80 прегледи дневно, кај пет до шест деца неделно изолираме грип од типот А, но поголем е бројот на тие со респираторни симптоми

Седумдесет до осумдесет прегледи има во текот на 24 часа на Универзитетската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седумдесет до осумдесет прегледи има во текот на 24 часа на Универзитетската клиника за детски болести. Кај пет до шест деца неделно изолираме инфлуенца А, но бројот е поголем кај тие кои имаат респираторни симптоми, изјави денеска директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди.  

Вообичаено, посочи тој, во овој период од годината почнуваат да циркулираат вирусите на инфлуенца и кај нашите пациенти во овој период најчесто се изолира инфлуенца А.

– Доминираат деца со полесна симтпоматологија кои се третираат амбулантски, меѓутоа помалите деца и доенчињата кои развиваат компликации во смисла на долно респираторен ефект, пневмонија, бронхиолит се задржуваат на болнички третман, ја добиваат потребната медицинска нега. Бројот расте нормално во овој период како и секоја година, истакна д-р Мемеди.

Реклама

На прашање колку загадувањето дополнително им ја влошува клиничката слика на децата кои доаѓаат со некој инфект или респираторен симптом, рече дека загадувањето влијае особено кај помалите деца.

– Ги препорачуваме превентивните мерки за хигиена и лична заштита особено за школските деца кои контактираат со своите врсници во училиште. Доколку имаат симптоми на грип и состојби слични на грип треба да останат дома за да се заштитат себеси и другите луѓе и да се избегнуваат престои во градинки и места каде има луѓе кои имаат симптоми на грип, рече д-р Мемеди по показната вежба насловена „Да подариме насмевка” во која учествуваше тим од Црвениот крст на град Скопје, кој им подели пакетчиња на хоспитализираните деца на Клиниката.

Нагласи дека доминира лесна симптоматологија во смисла на горно респираторен инфект, кашлица, течење нос, црвени очи, кај некои деца и висока телесна температура.

– Најголем број се третираат симптоматски, а доколку има долно респираторни симптоми во смисла на пневмонија, белодробен наод итн. се хоспитализираат и добиваат соодветен третман, додаде д-р Мемеди.