Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Меѓаши алармира: „Нема туѓо дете“ – секое дете заслужува грижа

Како реакција на сè понагласените предизвици со кои се соочуваат децата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како реакција на сè понагласените предизвици со кои се соочуваат децата во образовниот систем, започна кампањата „Нема туѓо дете“. Кампањата се реализира во рамките на проектот за Промоција на безбедна училишна средина, во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА, во партнерство со Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, СмартАп – Лабораторија за социјални иновации и Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), со поддршка од Детската фондација Песталоци.

Целта на кампањата е да поттикне свест кај јавноста, особено кај родителите и наставниците, дека „нема туѓо дете“ кога станува збор за заштита, грижа и љубов. Пораката е јасна: секое дете заслужува внимание, поддршка и безбедна средина за раст и развој.

Податоците од телефонската линија „Ало Бушавко“, која функционира во рамките на Меѓаши, го потврдуваат алармантниот тренд. Во 2024 година, околу 75% од дојавите се однесувале на ментални проблеми кај деца, вклучувајќи анксиозност, стравови, потешкотии со контролирање на гнев и длабока загриженост за себе. Причините најчесто се поврзани со тензични семејни односи, разводи, отсуство на еден од родителите и проблематична училишна атмосфера.

Реклама

Особено загрижува зголемувањето на пријави за самоубиствени мисли и обиди. Иако бројот не е висок, трендот е во пораст и укажува на потреба од системска и долгорочна поддршка.

„Ало Бушавко“ е активен член на меѓународната мрежа Child Helpline International и е во процес на усогласување со европскиот стандард 116 111, со цел обезбедување поефикасна, достапна и унифицирана психосоцијална поддршка за деца, особено во контекстот на предизвиците од дигиталната ера.

Кампањата опфаќа низа активности: едукативни работилници, онлајн обуки за родители и наставници, како и дистрибуција на материјали за полесно препознавање на знаци на психолошка криза и насилство кај децата. Дополнително, се работи на трансформирање на училиштата во безбедни, инклузивни и отворени простори во кои секое дете ќе се чувствува прифатено и заштитено.

„Поддршката на децата не е индивидуална, туку колективна одговорност. И навистина, кога еден ученик се повлекува, страда или повикува на помош – тоа е повик до сите нас“, изјавија од Меѓаши.